„Ле Монд“ алармира: Украински војници фотографирани со кукасти крстови и СС ознаки

Украинската Трета ударна бригада, која е формално интегрирана во вооружените сили на Украина, повторно се најде во фокусот на јавноста поради обвинувања за неонацистички симболи меѓу нејзините припадници. Според истражувачкиот текст објавен од францускиот весник „Ле Монд“ (Le Monde), стотици војници од оваа елитна бригада јавно објавуваат фотографии на социјалните мрежи со нацистички симболи – вклучително и поздрави, кукасти крстови …

Continue Reading

Девојка (27) пронајдена мртва во Дебарско Езеро, Обвинителството истражува

Телото на 27-годишната С.А. од Дебар вчера беше пронајдено во водите на Дебарското Езеро. Како што информираше ОВР Дебар, околу два метри од брегот на езерото, во близина на пумпната станица било пријавено за пронајдено тело во водите на езерото. На местото веднаш пристигнале полициски екипи и јавен обвинител, кој наредил да се изврши увид и дополнителна истрага. Присутниот лекар …

Continue Reading

Охридската полиција спаси четири лица заглавени во езерото откако силниот ветер им скрши дел од едрилицата

Четири лица беа спасени синоќа од водите на Охридското Езеро откако нивната едрилица останала без управување поради механичко оштетување. Брзата реакција на полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ спречи трагедија. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 28 јуни 2025 година, во 19:30 часот, било пријавено дека од пловен објект, кој се наоѓал на околу …

Continue Reading

ДУИ со остра реакција до Мицкоски: Сака да ни го избрише идентитетот со електронски попис

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска жестоко реагираше на најавите од премиерот Христијан Мицкоски и Владата за спроведување на електронски попис во 2026 година, обвинувајќи дека станува збор за националистичка агенда со цел исклучување на Албанците од институциите и системот. Во реакцијата, ДУИ потсетува дека уште во 2022 година, Мицкоски јавно ги оспори резултатите од пописот на населението, каде беше …

Continue Reading

Центарот на Скопје блокиран два дена поради средба на високи гости

Поради најавената средба на лидерите од Западен Балкан која ќе се одржи во Скопје, Секторот за внатрешни работи информира дека во понеделник (30 јуни) и вторник (1 јули) во главниот град ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќајот. Од СВР Скопје соопштуваат дека мерките ќе се однесуваат на поширокото централно подрачје на градот, при што дел од улиците и булеварите …

Continue Reading

Талески: СДСМ ги направи тунелите, мостовите, оградите – ВМРО само бетон од 10 метри

Со завршувањето на експресниот пат низ Фаришката клисура, делницата од Дреново до Градско, пратеникот на СДСМ, Миле Талески, остро реагираше на обидите на ВМРО-ДПМНЕ да си го припише проектот како сопствен. Тој потсети дека најтешкиот и најкомплексен дел од трасата е изведен токму во мандатот на СДСМ. „Горди сме затоа што СДСМ заврши над 90% од овој капитален инфраструктурен проект. …

Continue Reading

„Ова е шега, не е фудбал“

Челзи стигна до четвртфиналето на клупското Светско првенство по победата над Бенфика со 4:1 по продолжението во натпреварот што започна во 16:00 часот, а заврши во 20:40 часот по локално време во Шарлот, на југот на САД. Натпреварот беше прекинат во 86-та минута, при резултат 1:0 за Челзи, поради закана од бура. Зошто натпреварите се прекинуваат на Светското клупско првенство …

Continue Reading

(Видео) Најмасовниот руски напад досега, кон Украина полетаа 537 крстосувачки, балистички и хиперсонични ракети и дронови

Украински пилот загина, а неговиот борбен авион Ф-16 е соборен во голем руски ракетен и беспилотен авион напад во текот на ноќта, соопшти украинската војска. Во соопштението се вели дека ова е трета таква загуба на борбен авион Ф-16 во војната. „Пилотот го користел целото оружје што му било на располагање, соборувајќи седум воздушни цели. При соборувањето на последната, неговиот …

Continue Reading

Трет ден хаос со „МојДДВ“, граѓаните револтирани, не можат да скенираат фискални сметки

Апликацијата „МојДДВ“ не функционира веќе трет ден, а револтирани граѓани масовно пријавуваат дека не можат да ги скенираат фискалните сметки и да го остварат своето право на поврат на ДДВ. Проблемите со апликацијата започнаа уште пред неколку дена, а Управата за јавни приходи (УЈП) вчера официјално потврди дека станува збор за технички проблем и увери дека се работи на негово …

Continue Reading