Aрсовска нападната во Чаир додека извршувала работни задачи: побарала лекарска помош
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска е физички нападната при извршување на работни задачи во Чаир. Кон неа биле упатени и вербални закани од повеќе лица. „На 11.07.2025 во 12:15ч од страна на А.Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на ул.”Кумбара” физички била нападната градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска и дека повеќе лица …
Continue Reading
Со комбе му ја загрозил безбедноста на моторциклист во Струшко
Вчера во ОВР Струга е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Делогожда, Л.Ж. , кој управувал комбе, му ја загрозил безбедноста на В.Д.(35), двајцата од истото село, кој на патот управувал моторцикл. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Continue Reading
Сторителот од Батинци е идентификуван, но е во бегство, соопшти ОЈО
Дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на настанот во Батинци каде денеска се случил трагичен инцидент. Од обвинителството соопштија дека се издадени наредби и насоки за прибирање докази. „Сторителот е идентификуван, но е во бегство и по него се трага“, потенцираат од обвинителството. Претходно денеска беше објавено дека денеска, околу 10.55 часот, во Градската болница бил донесен 49-годишен маж …
Continue Reading
Ја присилил ќерка си да питачи во Дебар: уапсен маж од Скопско
Синоќа во 20.40 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е С.Р.(30) од скопската населба Шуто Оризари. Тој се сомничи дека го сторил казненото дело „Запуштање и малтретирање дете“ бидејќи ја присилил неговата малолетна ќерка да врши питачење на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар каде биле затекнати од полициските службеници. За настанот, известени се јавен обвинител и Центарот за социјални …
Continue Reading
Мицкоски треба да најде начин да се извини, вели бугарскиот премиер
Наративот и изразувањето на премиерот Христијан Мицкоски ќе им го оставам на оние што го познаваат Езоп. Република Македонија мора да се придржува до консензусот постигнат во 2022 година и да ги исполни обврските што самата ги презела. Ова го изјави бугарскиот премиер Росен Жељазков во врска со „неприфатливиот и навредлив јазик на Мицкоски кон министерот за надворешни работи Георги …
Continue Reading
Демократскиот сојуз: Наместо како земја членка на ЕУ, Бугарија парадира како сојузник на Третиот рајх
Демократскиот сојуз го осудува триумфалистичкото однесување на бугарската Влада по бришењето на одредниците за македонскиот јазик и идентитетот од Извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија. Со таквата еуфорија и со упатените навреди кон македонската Влада, официјалните личности од Софија, како што велат, само ги демонстрираат своите вековни фрустрации и неуспешни обиди за бугаризација на Македонија и на Македонците. …
Continue Reading
Божиновска: Новата ТС Охрид го поврзува Балканот и европскиот пазар на електрична енергија
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес изврши теренска посета на градилиштето за изградба на новата трансформаторска станица Охрид (ТС Охрид), дел од проектот за интерконекција Македонија–Албанија. Проектот опфаќа две целини – LOT 1: далноводот Битола – граничен премин со Албанија и LOT 2: изградба на трансформаторската станица Охрид во близина на селото Мешеишта. Божиновска се запозна …
Continue Reading
Зеленски: Сè што може да ја запре Русија, треба да се спроведе што е можно поскоро
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по уште еден напад врз Украина, изјави дека сè што може да ја запре Русија треба да се спроведе што е можно поскоро. „На Украина ѝ е потребна заштита. „Пред се, противвоздушна одбрана. Пресретнувачи на беспилотни летала. Разговаравме за ова со сите партнери, има позитивни сигнали и важно е да преминат на вистински инвестиции во оваа …
Continue Reading
Припадник на Армијата загина во трагичен настан во Батинци: MO го потврди случајот
Од Министерството за одбрана информираат дека лицето со иницијали А.М. од скопското село Батинци, кое било нивен припадник е загинато за време на трагичен настан. „Лицето со иницијали А.М. од скопското село Батинци, кое по трагичниот настан денеска им подлегнал на повредите, беше припадник на Армијата. Изразуваме длабока жалост до семејството на починатиот“, се истакнува во официјалното соопштение. За време …
Continue Reading