„Дали Филипче соопштенијата ги пишува од јахтата на Заев или навистина го мисли тоа што го пренесува СДС“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС е синоним за партиски вработувања по државни институции. Само за почеток може да се набројат десетици партиски вработувања, односно синови, ќерки, роднини, братучеди на функционери на СДС и ДУИ“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. „Ветон Кадри, син на пратеничката Шпреса Кадри; Антонио Кочовски зет на тогаш првиот човек на СДС од Охрид, Лазе Танески, роднина на екс-министерот Горан …

Continue Reading

Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Богородица, Дојран и Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица времето на чекање е околу 20 минути, на ГП Дојран времето на чекање е околу 15 минути, на ГП Табановце времето на чекање е …

Continue Reading

(Фото) Пожарот во атарот на село Долно Дупени е ставен под целосна контрола

Пожарот во атарот на село Долно Дупени, во близина на Преспанско езеро, со дејство на екипи на ТППЕ Ресен и Национални Шуми, е ставен под целосна контрола. Екипите патролираат а по потреба и дејствуваат за да се спречи негово реактивирање, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Пожарот на територијата на ловиштето Јасен е се уште активен. Екипи на Јасен и …

Continue Reading

(Видео) Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот на Тошковски и да ја прошири истрагата, бара СДСМ

„Пред Основното јавно обвинителство, СДСМ бара отворање на кривична постапка против началникот на ОВР Демир Хисар, Роберт Мартиноски и проширување на истрагата. Фактите се јасни, началникот на Тошковски ги прекршил своите овластувања и ја злоупотребил својата положба спроведувајќи незаконска постапка и политички прогон против болна жена“, вели Јовица Јанковиќ, потпретседател на СДММ. „Самото МВР ја призна неговата вина и го …

Continue Reading

(Фото) Во Кисела Вода поставено ново спомен-обележје на Цветан Димов

Денес, во општина Кисела Вода свечено беше поставена новата биста на народниот херој Цветан Димов, на локација спроти општинскиот објект. Претходното спомен-обележје, кое постоеше во рамките на истоимената урбана заедница, со години беше во лоша состојба поради негрижа и оштетувања. По барање на жителите, Општината изработи нова биста, со што на овој голем херој му се оддава заслужено признание, а …

Continue Reading

Почина Габи Новак

Легендарната хрватска пејачка Габи Новак почина на 89-годишна возраст, пишува Јутарњи.хр. Откако го загуби сопругот Арсен Дедиќ, кантавтор и композитор со кого беше во брак повеќе од четири децении, на 17 август 2015 година, Габи Новак се соочи со уште една тешка лична трагедија на почетокот на јуни оваа година – смртта на нивниот син Матија Дедиќ, еден од најистакнатите …

Continue Reading

Целосно реконструирано централното подрачје во Богородица

Во Богородица е уреден простор со модерен и функционален изглед, наменет за одмор и дружење на жителите. Градежните активности за партерно и хортикултурно уредување на централниот дел од населбата опфатија: поплочување со павер елементи, изградба на пешачки патеки, поставување жардиниери со хортикултурно уредување, нов летниковец и партерно осветлување. – На почетокот од мојот мандат нарачавме техничка документација, а потоа ги …

Continue Reading

(Видео) Најмалку едно лице загина во земјотресот во Турција, повеќе од 200 последователни потреси

Повеќе од 200 последователни потреси ја погодија денес северозападна Турција, по вчерашниот земјотрес со магнитуда од 6,1 степени. Турската агенција за управување со катастрофи AFAD соопшти дека регистрирала 237 последователни потреси, од кои 10 биле со магнитуда од најмалку 4,0 степени. ➡️ 10 Ağustos’ta Sındırgı’da (Balıkesir) meydana gelen Mw 6.1 büyüklüğündeki depremden sonra bölgede 237 artçı deprem aktivitesi kaydedilmiş olup, …

Continue Reading

(Видео) Два кинески брода се судрија при потера по филипински брод

Кинески воен брод се судри со брод на кинеската крајбрежна стража додека гонеше филипински патролен брод во Јужното Кинеско Море денес, соопшти Манила, објавувајќи драматични снимки од инцидентот. „Инцидентот се случил во близина на спорниот Скарборо Шол додека филипинската крајбрежна стража ги придружувала бродовите што дистрибуирале помош на рибарите во областа“, изјави портпаролот на филипинската крајбрежна стража, комодорот Џеј Тариела. …

Continue Reading