Бунт против „Чат ГПТ 5“ – „Опен АИ“ во паника ги враќа старите модели

Кога OpenAI минатиот месец го претстави GPT-5, директорот Сем Алтман го опиша како алатка што е толку брза и моќна што дури го плаши. Тврдел дека нуди знаење на ниво на докторски студии од која било област. Меѓутоа, само ден по лансирањето, компанијата почна да ги враќа постарите модели, бидејќи голем број корисници јавно се побунија против новиот систем. GPT-5 …

Continue Reading

Акции во духовни центри во Шпанија: Пронајдена ајахуаска, отров од жаби

Шпанската полиција уапси три лица и заплени 11 литри ајахуаска, 117 кактуси Сан Педро и неколку шишиња со отров од крастава жаба. Акциите беа извршени на две рурални имоти кои служеле за организирање профитабилни духовни ретрити, каде на учесниците им биле ветувани астрални патувања, јавува „Гардијан“. Полицијата на Цивилната гарда почнала истрага пред пет месеци во општината Педрегер, провинција Аликанте, …

Continue Reading

(Видео) Црна Гора: Пожарникар повреден при експлозија, повеќе семејства евакуирани по пожарите

Денеска низ Црна Гора се регистрирани повеќе големи пожари, а во Горни Рогами неколку семејства се евакуирани откако огнот се приближил до нивните домови. Во текот на гаснењето дошло до експлозија во која е повреден еден пожарникар. Пожарите ги гаснат пожарникари, хеликоптер и ер трактори, како и припадници на Армијата на Црна Гора. Во Пипери гори, а густ чад се …

Continue Reading

Гвардиола ги жртвува Грилиш и Савињо за играч вреден 100 милиони евра

Манчестер сити работи напорно пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата. Пеп Гвардиола е на патот да донесе скапо заилување. Пеп Гвардиола веќе му кажа на Џек Грилиш дека повеќе не смета на него, а сега Савињо е слободен да бара нов клуб, по само една сезона помината во синиот дрес. Замената е подготвена и воопшто не е евтина. …

Continue Reading

(Видео) Црна Гора обвиткана во чад, снимка од воздух ги покажува ужасните размери на пожарот кај Буљарицa

Пожарот што избувна неодамна откако автомобил се запали на главниот пат во Буљарица се прошири на непристапен терен и стигна до областа над Чањ. Пожарникарите од Будва, заедно со колегите од другите приморски општини, се на терен од вчера за да го изгаснат пожарот што го зафати ридот над Буљарица. Во гаснењето на пожарот беа вклучени и авиони, хеликоптер и …

Continue Reading

ЕУ сака консултации со Трамп пред неговата средба со Путин за Украина

Европските лидери, кои тврдат дека Русија претставува егзистенцијална закана за континентот, бараат консултации со американскиот претседател Доналд Трамп за да ги исцртаат европските „црвени линии“ пред неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин во петок во Алјаска, на која ќе разговараат за војната во Украина. Барањето за формални консултации е еден од очекуваните заклучоци од вонредниот виртуелен состанок на министрите …

Continue Reading

Германија: Татко ја убил партнерката, па влегол во автомобилот со децата и предизвикал страшна несреќа, бебето починало

Страшно злосторство ја потресе германската покраина Баден-Виртемберг. Во неделата навечер, околу 20:00 часот, во градот Валдахтал се случил крвав семеен конфликт кој завршил со тројна трагедија. Според „Билд“, за време на жестока расправија во станот, 37-годишен маж ја убил својата 34-годишна партнерка „користејќи остро оружје“. После тоа, седнал зад воланот на автомобилот во кој биле и нивните деца – тримесечно …

Continue Reading

Макрон: Израелскиот план за Газа е катастрофа во најава

Францускиот претседател Емануел Макрон остро ги осуди плановите на Израел да ја засили својата воена операција во Газа како катастрофа во најава и предложи меѓународна коалиција со мандат од Обединетите нации за стабилизирање на Газа. Минатата недела, израелскиот кабинет за безбедност одобри план за преземање контрола врз Газа, во обид да ги прошири своите воени операции на опустошената палестинска територија. …

Continue Reading

Забрана за нови вработувања, користење државен имот за кампања и поткуп — ДКСК потсетува на забраните од денот на распишување на изборите

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) информира дека во периодот од распишувањето на Локалните избори во 2025 година до конституирањето на советите на општините и градот Скопје важат специфични забрани и мерки. Нови инвестиции и вонредни исплати од буџетот не смеат да започнат или се извршат, освен ако претходно се обезбедени средства согласно закон. Забрането е започнување постапки за …

Continue Reading