Лажна дојава за бомба ноќеска на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој требало да полета од „Меѓународниот аеродром Скопје“ кон Турција. Како што соопшти утрово Министерството за внатрешни работи, се работи за лажна дојавата за бомба на скопскиот аеродром. -Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки …

Continue Reading

Најплатениот фудбалер во Премиер лигата заработува 2,5 милиони евра месечно

По повод почетокот на новата сезона, англиските медиуми објавија листа на Топ 10 најплатени фудбалери во Премиер лигата. Ерлинг Халанд од Манчестер сити има највисока плата во Премиер лигата. Норвежанецот добива 525.000 фунти (610.000 евра) на својата сметка секоја недела. На месечно ниво, тоа е околу 2,44 милиони евра! На второто и третото место најплатени е тандемот на Ливерпул, најдобриот …

Continue Reading

Трамп вели дека состанок за прекин на огнот во Украина организираат Путин и Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот украински колега Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин ќе одржат состанок за да се обидат да постигнат прекин на огнот и да ја прекинат војната во Украина. „Навистина зависи од претседателот Зеленски да го стори тоа сега. Исто така, би рекол дека европските земји треба малку да се вклучат. Но, зависи од …

Continue Reading

Владимир Путин доби писмо од Меланија Трамп за киднапираните деца за време на војната во Украина

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, го покрена прашањето за тешката положба на децата во Украина и Русија во писмо до рускиот претседател Владимир Путин. Трамп лично му го предаде писмото на Путин за време на нивниот состанок во Алјаска, изјавија за американски медиуми претставници на Белата куќа. Меланија Трамп не го придружуваше својот сопруг во Алјаска. Претставниците на …

Continue Reading

Шестмина припадници на полицијата се повредени за време на синоќешните протести во Србија

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека за време на синоќешните протести имало драстично нарушување на јавниот ред и мир и брутален напад врз полицијата, и дека, според досегашните податоци, повредени се шестмина припадници на полицијата. „Шест полицајци се повредени, според информациите што ги имаме во моментов, а 38 лица се приведени. Секој можеше да види во …

Continue Reading

Трамп и Путин се ракуваа, а во Украина се огласија сирени за воздушен напад преку руските беспилотни летала

Во Анкориџ, Алјаска, со надлетувања на борбени авиони, црвен тепих и слоганот „Стремеж за мир“, американскиот претседател Доналд Трамп го угости рускиот претседател Владимир Путин на самит кој, и покрај големата помпа, заврши нагло и со сосема нејасен исход, пишува CNN. По речиси тричасовен состанок, двајцата лидери се појавија пред новинарите тврдејќи дека е постигнат напредок, но ја напуштија прес-конференцијата …

Continue Reading

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви …

Continue Reading

Трамп и Путин не постигнаа договор за прекин на војната во Украина

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, не постигнаа договор за прекин на војната во Украина по тричасовен разговор. Средбата, според нив, беше многу продуктивна. Трамп рече дека ќе контактира со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и со лидерите на НАТО за да ги пренесе информациите од состанокот. Путин изјави дека е постигнат договор, но не даде …

Continue Reading

(Видео) Киеза спречи изненадување на „Енфилд“

Новата сезона во Премиер лигата започна со натпреварот помеѓу шампионот Ливерпул и Борнмут. По голема борба, „црвените“ победија на „Енфилд“ со резултат од 4:2. Првото полувреме беше резервирано за Уго Екитике, Французин чии способности беа доведени во прашање поради парите што беа издвоени за него. Напаѓачот на домашниот тим беше сеприсутен. Веќе по 10 минути од играта, тој беше во …

Continue Reading