(Видео) Зеленски објави видео од нападите врз Украина: „Војната мора да заврши. И Москва мора да го чуе зборот: „Стоп“.“
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, остро реагираше на ноќните руски напади низ Украина, велејќи дека тие јасно ги демонстрираат намерите и пристапот на Москва кон војната. Во своето обраќање, Зеленски рече дека руските сили ги таргетирале станбените згради и клучната цивилна инфраструктура во неколку региони. „Дури и во овој момент, Русите ги напаѓаат Харков, Запорожје, Сумскиот регион и Одеса, уништувајќи станбени …
Continue Reading
(Видео) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња
205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење. СДС си ја користеше Еразмус + како своја приватна фондација. Да ја потсетиме јавноста и за скандалот во кој Димова и Заев доделија два проекти на братот на пратеникот Диме Велковски во висина од над 200 илјади евра, обвини Валентин Манасиевски, …
Continue Reading
ВЛЕН: ДУИ е приватна партија на тазе богаташи
ДУИ ја губи поддршката меѓу граѓаните. Од избори на избори, ДУИ бележи континуирано намалување на бројот на пратеници и градоначалници. Граѓаните на секои избори сѐ појасно ја испраќаат пораката дека не сакаат повеќе да бидат управувани од корумпирана и истрошена структура. Наместо доверба, ДУИ се соочува со масовно разочарување и гнев кај своето гласачко тело, реагираат од ВЛЕН на обвинувањата …
Continue Reading
Од утре, прскање против комарци во Скопје
Градот Скопје известува дека на 19.08.2025 година (вторник), ќе почне реализацијата на терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми и против ларви од комарци. Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се врши од 19.08.2025 година (вторник) до 22.08.2025 година (петок), од 22 до 03 часот наредниот ден, а против ларви од комарци ќе се изврши …
Continue Reading
Нови цени на горивата
Од ноќеска на полноќ, бензините поевтинуваат за половина денар, а дизелот за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ …
Continue Reading
„Карпошово културно лето“ од 18 до 29 август
Од 18 до 29 август, во Општина Карпош ќе се одржи манифестацијата „Карпошово културно лето“, која ќе понуди богата и разновидна програма со учество на домашни уметници од различни области. Со оваа манифестација ќе се прикаже креативната енергија и културниот потенцијал на уметниците кои живеат и творат во Општина Карпош, како и најголемите музички имиња и уметници во Македонија. …
Continue Reading
Поради пожар, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје
Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, информира АМСМ. Од таму додаваат дека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце …
Continue Reading
(Видео) Јанковиќ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?
Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+. Зошто в.д. директорката не е разрешена кога е потврдено дека била дел од истрага на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами, праша Јовица Јанковиќ од СДСМ. Наместо да ја разреши и да побара одговорност, додаде тој, Владата молчи и ја остава на функција со што директно …
Continue Reading
Трамп: Кина нема да изврши инвазија врз Тајван додека сум јас на власт; Кина: Тоа е наша работа
Тајван е внатрешно прашање на Кина, соопшти денес Министерството за надворешни работи на Кина, како одговор на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека кинескиот претседател Кси Џинпинг му рекол дека нема да го нападне островот додека Трамп е на функција. Трамп ги даде овие забелешки во интервју за „Фокс њуз“ пред разговорите во Алјаска со рускиот претседател Владимир Путин …
Continue Reading