За нешто повеќе од два месеци, 30 српски државјани починаа во Грција, срцевите проблеми најчеста причина

За нешто повеќе од два месеци, 30 српски државјани починаа во Грција, а срцевите проблеми се најчеста причина. Српски Телеграф истражувал кој е изложен на ризик и на кои симптоми треба да се внимава. Д-р Бисерка Обрадовиќ за Телеграф објасни која е можната причина за оваа загрижувачка бројка, како и зошто постарите лица и децата треба да бидат особено внимателни …

Continue Reading

32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото …

Continue Reading

Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез …

Continue Reading

Полска за падот на воениот дрон: „Русија повторно ги провоцира земјите од НАТО“

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски реагираше на синоќешниот инцидент, кога воен дрон се урна во источна Полска, а министерот за одбрана тврди дека станува збор за дрон од руско потекло. Како што објави на социјалната мрежа Икс, тоа е „уште едно нарушување на нашиот воздушен простор од исток“ што, според него, потврдува дека најважната мисија на Полска во …

Continue Reading

Халкбанк со намалени тарифи, повеќе придобивки за граѓаните и компаниите

Халкбанк АД Скопје донесе одлука за намалување на дел од своите тарифи, во согласност со променетиот тарифен модел на Народната банка на Република Северна Македонија. Со оваа одлука значително се намалуваат надоместоците за услугите за граѓаните и компаниите, при што клиентите ќе добиваат уште поповолни услови за извршување на финансиските трансакции. И досега, Халкбанк во многу сегменти нудеше атрактивни услови …

Continue Reading

Макрон: Израелската офанзива врз Газа би можела да доведе до вистинска катастрофа

Францускиот претседател Емануел Макрон денес предупреди дека планираната израелска воена офанзива врз Газа ќе доведе до „вистинска катастрофа“ и за Израелците и за Палестинците и ќе ризикува да го вовлече целиот регион во „трајна војна“. Макрон рече дека разговарал со јорданскиот крал Абдула Втори и со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, нагласувајќи дека тројцата лидери го делат верувањето дека само …

Continue Reading

Британија воведе нови санкции против Русија, тие веднаш возвратија со контрасанкции

Русија денес соопшти дека им забранува влез на 21 лице кое го обвини за соработка со „деструктивни британски медиуми“ во промовирањето антируски наративи. На листата се вклучени новинари, експерти и членови на невладини организации. Нивните имиња се приклучуваат на стотици други западни државјани на кои Русија им забрани влез во земјата од почетокот на војната во Украина. Потегот на Русија …

Continue Reading

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија. Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се …

Continue Reading

Русија ги зголемува даноците поради високите воени трошоци

Оптоварена со огромни воени трошоци, Москва се подготвува да ги зголеми даноците и да ги намали другите буџетски расходи, во услови на зголемен буџетски дефицит, пад на приходите од нафта и гас и забавување на економијата, велат официјални лица и економисти. Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли тврдењата дека војната ја задушува руската економија, но буџетскиот дефицит се зголемува бидејќи …

Continue Reading