Нема казни за институциите кои до 29 септември нема да стават црвени таблички на службените возила, ќе го направат тоа при регистрација
Институциите кои до 29 септември нема да ги сменат табличките на службените возила за да се спречат приватни и партиски злоупотреби нема да добијат казни. Ова го потврди директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, на денешната промоција на црвените таблички кој кажа дека правилникот не предвидува казни за доцнење и непостапување по дадените насоки. Првичниот …
Continue Reading
Поскапуваат бензините и дизелот
Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 10.9.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС …
Continue Reading
Голема сообраќајна несреќа на патот Гостивар – Кичево: Се судрија пет мотори и четири автомобили, тешко повредени четири лица
Четири лица се тешко повредени, а уште двајца се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Гостивар – Кичево, а во која учествувале пет мотоцикли и четири автомобили. Вчера во 15 и 50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Мавровска крстосница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „кавасаки“ со скопски …
Continue Reading
Украдени две бронзени бисти од гробиштата во Бутел
Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје, А.Ј.(53) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.06. до 06.09.2025 од гробно место на Градските гробишта Бутел, со употреба на физичка сила и погоден предмет биле одземени две бронзени бисти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Заталкано зрно од оружје пронајдено во угостителски објект во Чаир
Вчера во 09:40 часот во СВР Скопје, Б.В.(33) од Скопје пријавил дека на покриената тераса од угостителски објект на подрачјето на Чаир пронашол заталкано зрно од огнено оружје. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.
Continue Reading
(Видео) Петрушевски: СДС признаа дека прислушувале и следеле преку АНБ и АР, и сега наместо да се извинат, лажат и манипулираат
СДС признаа дека прислушувале и следеле преку АНБ и АР, и сега наместо да се извинат пред се, лажат и манипулираат. СДС најпрвин треба да се извини за 5 години следење на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени, кои заедно со нивните семејства биле под константна присмотра на службите, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Откако ќе се извинат …
Continue Reading
Фенербахче ќе го предводи Џовани Тедеско
Пред неколку дена, турските медиуми најавија дека Зинедин Зидан ќе го преземе Фенербахче. Турскиот великан е без тренер откако отказ доби Жозе Мурињо. Сепак, Зидан нема да биде наследникот на Мурињо, претпладнево медиумите во Турција открија дека Доминико Тедеско ќе биде новиот тренер на Фенер и дека тој наскоро ќе го потпише договорот. 39-годишниот италијански тренер, кариерата ја започна во …
Continue Reading
(Видео) Манасиевски: Јавноста заслужува одговори за случајот Рекет 2, кој Коцевски силно го штити
Јавноста заслужува одговори за случајот Рекет 2, кој Коцевски силно го штити. ЈО Коцевски и натаму во одбрана на неговите наредбодавци од СДС и ДУИ, повеќе од година и пол не отвори ниту еден случај за поранешни функционери кои се сомничат или пак има основано сомнение дека направиле криминал, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Коцевски денес, молчи …
Continue Reading
Промовирани новите црвени таблички на службените возила: „Се става крај за нивна злоупотреба во приватни цели“
Службата за општи и заеднички работи – СОЗР ја започна официјалната примена на новите, специјални службени регистарски таблици, со што, како што велат од таму, се става крај на можноста за нивна злоупотреба за приватни и партиски цели. Промоцијата на новите таблици се одржа на паркингот кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а на на настанот присуствуваа Ивица Томовски, Директор на …
Continue Reading