САД на опасна крстосница по убиството на Чарли Кирк

Бруталниот случај на убиството на Чарли Кирк го доведе американското општество на „опасна крстосница“, оценува дописничката на Би-би-си, која предупредува дека подлабокото политичко расцепкување и порастот на насилството тешко ќе се надминат. Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, повика на затоплување на тонот и помирување, но многумина соговорници на Би-Би-Си сметаат дека тоа е малку веројатно во блиска иднина. Анализата посочува …

Continue Reading

Злоупотреби со регистрација на половни возила: 11 осомничени, меѓу нив и вработена во МВР

Секторот за внатрешни работи Куманово, во соработка со Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги при МВР, поднесе кривични пријави против 11 лица поради повеќе кривични дела поврзани со плаќање давачки за увоз и регистрација на половни моторни возила. Меѓу пријавените е и 43-годишна вработена во МВР – Одделение за управни работи Куманово, осомничена за „злоупотреба на службена положба и …

Continue Reading

Жена од кочанско измамена за 4.000 евра со лажни ветувања за пензија

61-годишна жена од кочанско пријавила дека била измамена од 59-годишниот П.Г. од истиот регион за сума од 4.000 евра. Според пријавата, во октомври 2020 година тој ѝ ветил дека со пријатели од Скопје ќе ѝ овозможи да добие пензија. Жената во декември 2023 година му ги предала парите, по што до крајот на 2024 година имале повремени контакти, но потоа …

Continue Reading

Скопјанка го пријавила својот брат поради психичко вознемирување, веќе му било забрането да и’ се приближува

Во СВР Скопје на 17 септември околу 20 часот, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот брат Д.М. (46) подолг период ја вознемирувал психички и ѝ упатувал закани. Според пријавата, против него веќе била изречена мерка за забрана за доближување. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading

Касами: Тетово ќе биде пример за соживот и меѓуетничка хармонија

Во Општина Тетово денеска се одржа седница на Општинскиот совет за превенција, на која беа избрани членовите на Локалниот совет за превенција. На овој состанок присуствуваа претставници од државните институции, верските заедници и други релевантни организации. Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, во своето обраќање потенцира дека овој совет е клучен за превенција на појави кои ја загрозуваат општествената кохезија. …

Continue Reading

Инцидент кај Петровец – нападнато возило на пожарникари, напаѓачот им се заканувал

Во полицијата било пријавено дека вчера кај наплатната рампа Петровец, лице упатувало закани кон пожарникари кои се движеле со службено возило, а потоа со физичка сила го оштетило возилото. Пријавата ја поднел 28-годишниот С.Г. од Скопје, кој заедно со колегите пожарникари бил во возилото во моментот на инцидентот. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading

(Видео) Хаос и судири: Илјадници на улиците, Франција блокирана од протести

Ширум Франција денеска се одржува масовен меѓусиндикален штрајк, со протести на над 250 локации и учество на стотици илјади граѓани. Властите проценуваат дека на улиците би можеле да излезат меѓу 600.000 и 900.000 луѓе. Штрајкот предизвика сериозни прекини во сообраќајот, здравството и образованието. Блокирани се десетици училишта, а во Лион и Нант дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите, при …

Continue Reading

(Видео) Негодувања по говорот на Трамп на кралската вечера

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центар на вниманието поради говорот што го одржа на свечената државна вечера во замокот Виндзор, како дел од неговата официјална посета на Обединетото Кралство. Дел од јавноста неговите изјави ги оцени како несоодветни, а на социјалните мрежи беше наречен „национална срамота“. Трамп изјави дека е „првиот американски претседател кој бил пречекан“ на …

Continue Reading

Кејт и Меланија по свечениот банкет на опуштено дружење во Виндзор

По синоќешниот раскошен државен банкет, принцезата од Велс, Кејт (43), и првата дама на САД, Меланија Трамп (55), утрово се појавија во многу поопуштено издание на дружење со најмладите извидници во градините на Фрогмор во Виндзор. Двете им се придружија на дваесетина деца на активности во природа – градба на „хотели за инсекти“, игра со лисја и заеднички ручек. Кејт …

Continue Reading