Во нови израелски напади врз Газа убиени најмалку 30 лица
Најмалку 30 лица денеска загинаа во воздушните напади на израелските сили врз Газа, објави Ал Џезира. Од 30 жртви, 28 ги загубија животите во градот Газа. Израелската армија вчера продолжи со нападите врз Газа, при што загинаа најмалку 91 Палестинец, вклучувајќи цивили кои бегаа од градот Газа, соопштија здравствените власти во Газа. Израелските сили бомбардирале станбени згради, училишта претворени во …
Continue Reading
Еден осомничен за обид за изнуда и закани кон градоначалник
Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе истражна постапка против едно лице од Неготино за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 во врска со член 19 (во обид), како и Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Кривичните дела ги извршил спрема градоначалникот на Неготино. На 2 …
Continue Reading
Трамп му се закани на Авганистан
Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа се закани дека „лоши работи“ ќе му се случат на Авганистан ако САД не ја вратат контролата врз воздухопловната база Баграм и одби да ја исклучи можноста за испраќање трупи за повторно заземање на таа база, објави Ројтерс. „Ако Авганистан не ја врати воздухопловната база Баграм на оние што ја изградија, Соединетите Американски Држави, ќе …
Continue Reading
Стармер ќе објави формално признавање на Палестина како држава
Велика Британија денескa ќе ја признае палестинската држава и покрај притисокот од САД и семејствата на заложниците што ги држи Хамас. Британскиот премиер, Кир Стармер, во јули објави дека Велика Британија ќе ја признае Палестина во септември доколку ситуацијата во Газа не се подобри. Би-Би-Си објави дека Стармер и министрите од британската влада заклучиле дека ситуацијата на терен се влошила …
Continue Reading
Стапува во сила новата такса за работна виза за САД
Новата такса од 100.000 долари за визи H-1B во Соединетите Американски Држави, која стапува во сила денеска, ќе се наплаќа по петиција и нема да се применува на постојните носители на визи кои повторно влегуваат во земјата, соопшти Белата куќа. „Ова НЕ е годишна такса. Тоа е еднократна такса што се однесува само на петиција“, изјави портпаролката на Белата куќа, …
Continue Reading
(Видео) Мурињо со победа го започна вториот мандат во Бенфика
Жозе Мурињо по четврт век се врати на клупата на Бенфика и со победа го започна вториот мандат. Бенфика забележа гостинска победа кај АФС со 3:0. Првите два гола Бенфика ги постигна од пенали. Судаков беше стрелец во судиското продолжение од првото полувреме, а Павлидис во 56-та минута. Потоа Мурињо побара од своите играчи трет гол, односно гол од игра. …
Continue Reading
Манчестер јунајтед во дербито го победи Челзи
Фудбалерите на Манчестер jунајтед го победија Челзи со 2:1 во петтото коло од Премиер лигата. Ова е втора победа на Јунајтед оваа сезона, а прва над Челзи од 2023 година. „Црвените ѓаволи“, барем на 24 часа се вратија во горниот дел од табелата и се наоѓаат на деветтото место, со бод помалку од „сините“, кои го забележаа првиот пораз сезонава …
Continue Reading
Добил сметка за телефон од 37.621 евра поради интернет во роаминг – корисникот тврди едно, операторот друго
Доминик Лефевр (63) поминал една недела од годишниот одмор во Мароко, ни најмалку несомневајќи се дека ќе го пречека вистински кошмар кога ќе се врати дома. Кога се вратил од одмор подготвен да ги плати сите сметки кои се натрупале, го забележал долгот за телефoн со огромна цифра. Во полето каде што стоел износот пишувало: „должи: 37.621,91 евра“. Оваа сметка …
Continue Reading
Побаран притвор за четири лица, осомничени дека фрлиле бомба пред куќа во Битола
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против четири лица за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, бидејќи постои основано сомнение дека заеднички, со учество во дејствие на извршување или друг особен придонес подметнале експлозивна направа пред една куќа. Според доказите прибрани по наредба на јавен обвинител во предистрагата, на 12 јули годинава, …
Continue Reading