(Видео) Јамал повторно е најдобар млад играч во светот
На свечената церемонија во Париз за доделување на „Златната топка“, Ламин Јамал беше избран прв, во категоријата најдобар млад играч. Играчот на Барселона ја доби наградата „Копа“. Суперѕвездата на Барселона дојде во „градот на светлината“ за да ја прими главната награда за најдобар играч во светот, но на почетокот на вечерта ја доби истата награда што ја освои и минатата …
Continue Reading
Франција ја призна Палестина
Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва на Генералното собрание на ОН потврди дека Франција ја признава Палестина како независна држава. Со ова, Франција се приклучува на земји како Обединетото Кралство, Канада и Австралија, кои го направија истиот чекор во последните недели. „Светот е на чекор до губење на шансата за мир. Време е да се стави крај на војната во Газа“, …
Continue Reading
Проблем за Барселона, Гави повторно мора да оди на операција
Фудбалерот на Барселона, Гави, ќе биде подложен на артроскопија на десното колено поради повреда на внатрешниот менискус. Шпанскиот репрезентативец не играл од крајот на август, а интервенцијата е закажана за вторник, откако претходните третмани не дале резултати. Барселона изјави дека Гави прво бил подложен на „конзервативен третман“, а потоа на „интензивни спортски стрес-тестови“, но дека е одлучено да се изврши …
Continue Reading
Голем напад со беспилотни летала врз Москва, небото е затворено
Москва вечерва беше нападната со беспилотни летала. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека противвоздушните сили собориле вкупно девет дронови , а подоцна уште два. Жителите на Московскиот регион слушнале експлозии на пристапот кон градот, а според првите информации што ги објавија руските медиуми, нема повредени или голема материјална штета. Многу откажани и одложени летови Повеќе од 35 летови беа …
Continue Reading
САД: Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО
Соединетите Американски Држави потврдија дека ќе ја бранат територијата на НАТО, по нарушувањето на воздушниот простор во неколку земи. „Соединетите Американски Држави стојат покрај своите сојузници во НАТО во однос на овие повреди на воздушниот простор и сакам да ја искористам оваа прва можност да повторам и нагласам дека Соединетите Американски Држави и нашите сојузници ќе го бранат секоја сантиметар …
Continue Reading
(Видео) Нереди на протест за Газа во Милано, повредени 60 полицајци
Протестот во поддршка на Газа во Милано ескалираше во насилство, при што беа повредени околу 60 полицајци, од кои 23 се хоспитализирани, а 12 демонстранти добиле медицинска помош. Приведени се најмалку 10 лица. Нередите избувнаа кај Главната железничка станица, каде што демонстранти облечени во црно се обидоа насилно да влезат во метро-станицата. Беа користени апарати за гаснење пожари, шишиња, канистри …
Continue Reading
„Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска ja откупи National Geographic
Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска е откупен од National Geographic Documentary Films, еден од најпрестижните светски дистрибутери на документарни остварувања. Со ова, првпат македонски филм станува дел од глобалниот каталог на National Geographic и ќе биде прикажан пред публика во над 170 земји, вклучително и преку платформата Disney+. Покрај договорот со National Geographic, правата за дистрибуција …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова во Њујорк: Време е кормилото на ОН да му го довериме на жена
Во рамки на учеството на 80. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на состанок на високо ниво по повод 30-годишнината од Четвртата светска конференција за жените. Во своето обраќање, Сиљановска-Давкова истакна дека иако Пекиншката декларација останува темел на борбата за родова еднаквост, напредокот е нееднаков, кревок и често реверзибилен. „Насилството врз жените останува неказнето, …
Continue Reading
Скопјанец ја турнал мајка си, ја давел, па кршел саксии по дворот, Обвинителството бара притвор
Скопското Обвинителство поведе постапка против 40-годишен маж од Скопје, осомничен дека извршил телесна повреда врз својата мајка, во инцидент што се случил на 21 септември во семејниот двор на улицата „Славејко Арсов“. Според истрагата, осомничениот на висок тон барал пари од своите родители. Неговиот татко, вознемирен, го напуштил дворот, но синот продолжил да ѝ се обраќа на мајка си со …
Continue Reading