Седум починати од западнонилска треска – осум недели молк за водата во Гостивар, одговорни нема, велат од СДСМ

Осум недели поминаа од труењето со водата во Гостивар, каде 5.000 граѓани завршија во болница и сè уште нема одговори, нема извештај за видата и нема кој е одговорен. Во околу 50 населени места низ државата беа регистрирани проблеми со безбедноста на водата. Проблеми имаше и со четири реки и локални извори од кои граѓаните користат вода. Одговори нема, одговорност …

Continue Reading

(Видео) Години на ренесанса, Бутел бележи силен развој со рекордни инвестиции, се пофали Костовски

Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски на денешната прес-конференција истакна дека работи макотрпно во општината и дека проектите се видливи. Направени се како што рече, многу проекти, нови улици, паркови, нови спортско-рекреативни комплекси и игралишта. Според него, Општина Бутел доживеа вистинска промена. „Во изминатата година работевме посветено, одговорно и со јасна цел – Бутел да биде поуреден, побезбеден, почист и подобро …

Continue Reading

(Видео) Жерновски: Обвинителството да отвори истрага за унгарскиот кредит

Обвинителството да отвори истрага за унгарскиот кредит и во Македонија, побара денеска на прес – конференција Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ. „Граѓаните треба да знаат дека Унгарија и официјално отвори истрага за кредитот од цела една милијарда евра, што го договори Мицкоски и неговата Влада со Унгарија и со пријателот Орбан. Освен со енормното покачување на јавниот долг, …

Continue Reading

Лефков: И Ковачевски гледа предност во дата-центрите, Филипче е против нивниот развој

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека се противи на развојот на индустријата со дата-центри во земјава, тврдејќи дека за ова прашање има различни ставови и во самата опозициска партија. Лефков на прес-конференција рече дека Филипче е против, како што наведе, „секоја корисна идеја и секој проект“, вклучително и развојот на индустријата со …

Continue Reading

(Видео) Армиски хеликоптер се вклучи во гаснење на пожарот кај границата со Косово

Армискиот хеликоптер полни вода од вливот на реката Лепенец во Вардар и учествува во гаснењето на пожарот кај границата со Косово, кој е активен од 2 септември. „Голема благодарност до храбрите армиски и полициски пилоти како и пилотите на ‘ер тракторите’ на ДЗС кои утрово даваат силна воздушна подршка на скопските пожарникари и Огнените тимови со пинцгауери на ДЗС“, изјави …

Continue Reading

Сали од Даблин: Проширувањето мора да остане кредибилен, правичен и меритократски процес

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на неформалниот состанок на Советот за општи работи на Европската Унија, одржан во Даблин под ирското претседателство со Советот на ЕУ. Сесијата посветена на проширувањето ги обедини министрите на земјите членки на ЕУ и претставниците на земјите кандидати и партнери, со цел да се разгледаат начините за забрзување …

Continue Reading

Истражен потонат болнички брод кај Албанија: по 85 години откриена неочекувана тајна

Остатоците од болничкиот брод „По“, потонат во близина на брегот на Албанија за време на Втората светска војна, денес претставуваат своевиден вештачки гребен. На нивната површина бујно се развива морски живот – остатоците од бродот привлекуваат инвазивни видови, додека во нивните заштитени делови се забележани ретки морски суштества, пишува „Телеграф“. На дното на Јадранското Море, недалеку од Валонскиот Залив, лежи …

Continue Reading

Украдени пригушници од железничка пруга и вратени на „Железници“, уапсен скопјанец

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.С.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава за извршени две тешки кражби на пригушници од железничка пруга, од кои една на подрачје на ПС Аеродром и една на подрачје на ПС Драчево. По добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и З.С. е приведен во ПС Аеродром, а украдените …

Continue Reading

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска, 4 септември, започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. …

Continue Reading