Концерт на Георги Шарески – Есенски музички свечености

Фестивалот „Есенски музички свечености“ продолжува на 31.10.2025г. (петок) со концерт на Георги Шарески – соло гитара со авторска музика, кој ќе се одржи со почеток во 20:00 часот во Салон 19:19. Георги Шарески е гитарист, композитор и аранжер кој се истакнува со својот препознатлив стил, спојувајќи балкански ритми со џез, фјужн и современа класична музика. Неговата музика се карактеризира со …

Continue Reading

Саркози под закана и зад решетки: затворениците сакаат „одмазда за Гадафи“

Поранешниот француски претседател Никола Саркози, кој моментално отслужува затворска казна, продолжува симболично да ја претставува својата земја – дури и зад решетки. Како што објави порталот „Атлантико“, неодамнешните закани од одредени затвореници за „одмазда за Моамер Гадафи“ покажуваат колку е длабок јазот помеѓу француското општество и дел од мигрантското население. Според анализата на француските новинари, случајот открива „отворен презир“ кон …

Continue Reading

Три нови битолски училишта ќе добијат фотоволтаици до крајот на учебната година

Општина Битола до крајот на учебната година ќе постави фотоволтаични системи на уште три згради на основните училишта во градот. Со оваа мерка, локалната самоуправа продолжува со активностите за зголемување на енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија во образовните установи. Во текот на овие денови се вршат теренски проверки на состојбата на покривите на училиштата, како и …

Continue Reading

Партизан го официјализира трансферот на Калатес

Кошаркарскиот клуб Патизан поврди дека нов играч на тимот предводен од Жељко Обрадовиќ е Ник Калатес. Трансферот на Калатес од Монако во Партизан, беше најавен пред два дена, а претпладнево е официјализиран. 36-годишниот ветеран, во минатото работеше со тренееот Обрадовиќ, кога двајцата беа во Панатинаикос, пред полни 14 години. Таа сезона ја освои Евролигата. Калатес има 36 години, тој е …

Continue Reading

Оставка на Сабахадин Рустеми од „Комунална хигиена“ за да не влијае на истрагата

В.Д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми, поднесе оставка од функцијата поради морални причини, соопшти неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ. Адвокатот изјави дека оставката не е поврзана со признание на вина, туку со желба да не влијае на истрагата. „Тоа е чин што ќе овозможи непречено водење на постапката. Ќе докажеме дека Рустеми нема никаква поврзаност со делото“, …

Continue Reading

Шесткатница се урна во Турција, седум лица под урнатините

Шестокатница се урна во Коџаели, недалеку од Истанбул, а според турските медиуми, седум лица се заробени под урнатините. Полициски, противпожарни и медицински екипи се на местото на настанот и во тек е спасувачка акција. Постојат информации дека во зградата живееле две седумчлени семејства, засега не е познато дали сите биле внатре во моментот на уривањето, изјави градоначалникот на Гебзе, Зинур …

Continue Reading

Захарова: Европа се движи кон самоуништување

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека Европа се движи кон самоуништување, кое, како што рече таа, е „поочигледно од кога било“. „Доколку немаше потврда пред некое време, кога зборуваа за тоа дека Европа е турната кон самоуништување, вклучително и преку конфликти со нејзините азиски или евроазиски соседи, можеби некој би рекол дека тоа не …

Continue Reading

Државна лотарија предупредува: нелегални платформи го злоупотребуваат името и логото

Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија Државна лотарија ги повикува сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при изборот на интернет платформи и да учествуваат исклучиво преку официјалните канали на Државна лотарија, со цел да се заштитат од можни злоупотреби, односно, да учествуваат во игри на среќа, кои се транспарентни, регулирани и …

Continue Reading

Животните заслужуваат правда: Здруженијата за заштита на животните со иницијатива за укинување на мерката за еутаназија на кучиња со лајшманиоза

Здруженијата за заштита на животните од целата држава имаат со иницијатива за укинување на мерката за задолжително тестирање и автоматска еутаназија на бездомни кучиња со лајшманиоза. „Ние, здруженијата за заштита на животните од целата држава, заедно ја поднесовме оваа иницијатива пред повеќе од еден месец, со јасно барање – итно укинување на мерката за задолжително тестирање и автоматска еутаназија на …

Continue Reading