Орбан му одговори на Зеленски: Украина не ја брани Унгарија од никого и од ништо

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, му возврати удар на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој го обвини во едно интервју дека „го поддржува Путин“ со блокирање на пристапните преговори на Украина со Европската Унија. Зеленски рече дека нема намера да понуди отстапки на Будимпешта, на што Орбан одговори дека Украина не ја брани Унгарија и дека Будимпешта не му должи ништо, објави …

Continue Reading

Загинатите во тешката сообраќајка кај Плетвар се од Кавадарци, објавен идентитетот на учесниците во несреќата

МВР објави информации за лицата кои загинаа и повредените во сообраќајната несреќа на патот Градско-Прилеп, во близина на Плетвар. При судир на два автомобила, вчера загина едниот од возачите Ѓ.П.(35) од селото Дреново, и неговиот сопатник Б.П.(56) од истото село во Кавадаречко. Другиот автомобил го управувал О.О.(31) од с.Тополница, радовишко, кој се здобил со тешки повреди. Меѓу повредените се и неговиот сопатник С.О.(24) од …

Continue Reading

Тепачка поради расправија во сообраќајот во Тетово, едниот од нив со нож им се заканувал на полицајци

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Б.(33) и М.Б.(44), двајцата од с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и А.С.(36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за кривично дело „загрозување на сигурноста“. Денеска во Тетово, по претходна расправија во сообраќајот, прво и второпријавениот му ја оштетиле колата на третопријавениот, по што настанала физичка пресметка …

Continue Reading

Полицијата приведе кампер од Германија оти во возилото имал марихуана

Вчера на граничниот премин Табановце, на влез во државата, полицијата го приведе Д.П.(44) од Сојузна Република Германија. При гранични проверки и контрола во возило кампер „фолксваген“ со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдена е марихуана, велат од МВР. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Објавен предлог-списокот за лектири за основно образование, МОН повика на јавна дискусија за негово дефинирање

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието организираат јавна дискусија за новиот предлог список за лектири за основното образование и упатуваат покана до сите заинтересирани страни – наставници, стручни служби и други чинители во образованието, активно да се вклучат во дефинирање на современ, инклузивен и квалитетен список, кој ќе одговара на реалните потреби на учениците и …

Continue Reading

Гевгелија низ песна, стих, игра и филмски репотражи- прекрасна поетско-музичка вечер „Пееме за Гевгелија“ за одбележување на Општинскиот празник

На 4 ноември 2025 година, во Угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, се одржа поетско-музичката вечер „Пееме за Гевгелија“, со која започна културно-свеченото одбележување на Општинскиот празник – 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Гевгелија. Настанот, во организација на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија и во соработка со Ансамблот за традиционални игри и песни „Бојмија“- Гевгелија, кој е дел и …

Continue Reading

Компани: Сè е супер, но трофеите не се освојуваат во ноември

Тренерот на Баерн, Венсан Компани, по победата против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, изрази задоволство од настапот на својот тим, но исто така нагласи дека се соочуваат со уште поголеми предизвици до крајот на сезоната. „Освоивме три бода, и тоа е добро, но никој не освојува трофеи во ноември. Ова е далеку од тоа да го одлучи победникот …

Continue Reading

Пронајдени 15 мигранти во гевгелиско, приведени двајца криумчари

Полицијата откри 15 лица мигранти во гевгелиско. Во врска со случајот се приведени двајца криумчари против кои ќе следува пријава. Според информациите на МВР,  вчера околу 20:00 часот во близина на ловиште „Погана“, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Д.Ј.(37) од Кaвадарци. Претходно, на местото, полициските службеници забележале група …

Continue Reading

Зохран Мамдани со чекан и срп на насловната страница на „Њујорк пост“

Демократскиот социјалист Зохран Мамдани, кој се опиша себеси како „најлошиот кошмар на Трамп“, е избран за нов градоначалник на Њујорк. На насловната страница на денешниот „Њујорк пост“ пишува: „Социјалистот Мамдани ја доби градоначалничката трка. Црвено јаболко“. Во позадина, Мамдани е прикажан како држи чекан и срп, додека на небото над облакодерите се гледаат три црвени пентаграми. „По кампањата во која …

Continue Reading