„Влен“: Ристов не е изолиран случај, „чадорот“ на заробената правда се крши

Одлуката на Судскиот совет да му го одземе имунитетот на Апелациониот судија, Ѓоко Ристов, за привремено да го отстрани од функцијата и да му изрече мерка куќен притвор е важен чекор. Но, овој чекор не го затвора прашањето, напротив, го отвора уште повеќе затоа што кога ќе се открие дека кај Апелациониот судија има 350 илјади евра за кои се …

Continue Reading

Хороскопски знаци кои вешто можат да скријат љубовна афера

Довербата е основа на секоја врска, но астрономските транзити во 2026 година сугерираат дека некои знаци ќе бидат во искушение повеќе од вообичаено. Додека повеќето луѓе оставаат јасни траги – од сомнителни пораки до ненадејни промени во однесувањето – постојат и такви кои ја креваат измамата на следно ниво – ниво на уметност. Тие се „волци во овча кожа“ кои …

Continue Reading

Од оваа година 15.000 денари за секое новороденче во општина Крива Паланка

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски го посети првото новороденче во Општината во 2026 година – машко бебе, на кое му беа врачени пригодни подароци. Посетата е дел од континуираните активности на општина Крива Паланка за поддршка на младите семејства и афирмација на наталитетот. „Во рамки на мерките за поддршка на семејствата со новороденче, финансиската поддршка што ја обезбедува …

Continue Reading

Бесент за Гренланд: Европа праќа војници, САД нема да ја препуштат безбедноста

Американскиот министер за финансии Скот Бесент на конференција во Давос порача дека САД спроведуваат „ребаланс на меѓународната трговија“, кој, според него, одамна бил потребен. Според податоците за октомври, трговскиот дефицит на САД е на најниско ниво од 2009 година. Бесент рече дека светот е побезбеден кога Америка е силна. На прашањето за ризиците од трговска војна со Европа и прашањето …

Continue Reading

Белорусија ја прифаќа поканата на Трамп – ќе се приклучи на „Одборот за мир“

Белорускиот претседател Александар Лукашенко потпишал документ со кој официјално ја прифаќа иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за приклучување на Белорусија кон новоформираниот „Одбор за мир“, јави државната новинска агенција БелТА, пренесена од „Европска правда“. „Подготвени сме да бидеме основачи“, изјави Лукашенко, истакнувајќи дека членството не бара никаква парична уплата, спротивно на гласините дека се бара милијарда долари. „Овие болни …

Continue Reading

(Видео) Објавена е снимка од танцувањето на снаата на Трамп, луѓето се потсмеваат на социјалните мрежи

Интересно видео од Лара Трамп, снаата на американскиот претседател Доналд Трамп, неодамна стана вирално на Икс, и е потценување да се каже дека таа го засрами целото семејство со овој потег – иако, ова не е нејзин прв пат. Имено, снимката ги прикажува Лара и египетскиот актер и пејач Мохамед Рамадан како танцуваат, а тоа е само дел од снимањето …

Continue Reading

Трамп и Ердоган разговарале за ситуацијата во Сирија и Газа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за развојот на настаните во Сирија и Газа, соопшти кабинетот на турскиот претседател. Сиријската влада, која добива поддршка од Турција, по неколкудневни судири со курдските Сиријски демократски сили (СДФ), сојузници на САД, објави прекин на огнот. Сирија им дала на СДФ четири дена за интеграција во централната …

Continue Reading

Франција бара воена вежба на НАТО во Гренланд

Франција побара НАТО да одржи воена вежба на Гренланд и е подготвена да учествува, соопшти Елисејската палата, објави Си-Ен-Ен. Франција, заедно со други европски земји, минатата недела распореди дел од воениот персонал на Гренланд за да учествува во посебна заедничка вежба предводена од Данска. Ова доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп ги засили заканите за анексија на арктичкиот …

Continue Reading

Нетанјаху ја прифати поканата на Трамп до „Одборот на мирот“ за обнова на Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја прифати поканата од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи во „Одборот на мирот“ задолжен за обнова на Газа, објави неговиот кабинет. Иницијативата е дел од планот на Трамп за формирање комитет кој подоцна би можел да се прошири за решавање на други конфликти. Сугестијата на Трамп дека комитетот „може“ да ги замени Обединетите нации …

Continue Reading