Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Continue Reading
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени. Во Скопје, претежно …
Continue Reading
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска: · поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар) · поради промена на вентил …
Continue Reading
Пораз на Пелистер од Магдебург
Еурофарм Пелистер загуби во Лигата на шампионите од бранителот на титулата, Магдебург 26:31 (12:15). Македонскиот шампион остана на две победи, против Магдебург го забележа седмиот пораз оваа сеозна. Магдебург во девет натпревари има исто толку победи. Пелистер скапо ја продаде кожата против, во овој момент најдобриот тим во светот. Играчите на магдебург отворија со предност 1:4, Пелистер не им дозоволи …
Continue Reading
(Видео) ПСВ среде „Енфилд“ го декласира Ливерпул
Фудбалерите на Ливерпул не можат да излезат од кризата, која веќе долго го тресе клубот од „Енфилд“. На домашен терен, Ливерпул доживеа тежок пораз од ПСВ Ајндховен (1:4). По победите над Астон Вила и Реал Мадрид, се чинеше дека кризниот период е зад екипата на Арне Слот, но натпреварите против Сити, Форест, а сега и екипата од Ајндховен, го докажаа …
Continue Reading
Мбапе го постигна вториот најбрз хет-трик во ЛШ
Килијан Мбапе во Пиреја го постигна вториот најбрз хет-трик во историјата на Лигата на шампионите. Олимпијакос го шокира Реал со голот на Чикињо во осмата минута, а потоа следуваше рафал на Мбапе. Постигна три гола за шест минути и 42 секунди. Рекордер е Мохамед Салах , а на третото место е поранешниот напаѓач на Лион е Бафетимби Гомис. Kylian Mbappe …
Continue Reading
ЕП: Социјалните мрежи и вештачката интелигенција не се за лица под 16 години
Европскиот парламент (ЕП) денес одобри необврзувачка резолуција со која се бара минималната возраст за пристап до социјалните мрежи и вештачката интелигенција (ВИ) да биде 16 години, за да се обезбеди дека онлајн содржината е соодветна на возраста. На веб-страницата на ЕП беше објавено дека пратениците ги повикаа земјите-членки на ЕУ да усвојат закони со кои ќе се утврди минималната возраст …
Continue Reading
(Видео) Јужна Кореја го лансираше досега најголемиот сателит
Јужна Кореја денес успешно го лансираше најголемиот сателит досега со својата вселенска ракета „Нури“, четврто од шест планирани лансирања до 2027 година. Тростепената ракета „Нури“ беше лансирана од космодром на остров во близина на југозападниот крајбрежен округ Гохеунг. Официјални лица од воздухопловните сили изјавија дека ракетата поставила научен сателит од 516 килограми и 12 микросателити во целна орбита на околу …
Continue Reading
Германија го претстави новиот борбен тенк „Leopard 2A8“
Германската одбранбена компанија KNDS официјално го претстави својот нов главен борбен тенк, „Leopard 2A8“ кој ќе биде распореден со германските сили во Литванија, додека Европа го зајакнува своето присуство на источното крило на НАТО по границата со Русија. Тенкот беше претставен на јавноста во Минхен на церемонија на која присуствуваше германскиот министер за одбрана Борис Писториус, објавува „Њузвик“. Според производителот, …
Continue Reading