Скопјанка измамена за 200.000 денари од „мајстор“ што исчезнал со парите, требало да работи во дворот
Педесетгодишна жена од скопско во полицијата пријавила дека била измамена од лицето В.„Н“ за износ од 200.000 денари. Според пријавата, тој требало да изврши градежни работи во нејзиниот двор, но по земањето на парите престанал да одговара на повиците. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Уште еден пешак тешко повреден при удар од автомобил вчера во Скопје
Педесет и деветгодишниот А.Д. се здобил со тешки повреди, кога во него удрило „пежо“ на улицата Славка Динкова во Скопје. Несреќата се случила вчера околу 17.40 часот, а зад воланот била 51-годишната Б.П. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобила Б.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти …
Continue Reading
(Видео) По претставка на родителите на загинатите деца во Кочани, Апасиев закажа Анкетна комисија на 9 декември
Пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права, Димитар Апасиев, на денешната прес-конференција соопшти дека закажува редовна седница по поднесената претставка од Здружението „16 Март“ – здружението на родителите на загинатите деца од Кочани. Седницата ќе се одржи на 9 декември 2025 година, со цел да не се преклопи со судските рочишта и поради …
Continue Reading
Жители од Даљан бараат Општина Охрид итно да го отстрани паднатото дрво што смачкало автомобил
Жителите на охридската населба Даљан упатија апел до медиумите и до Општина Охрид, барајќи итно да се отстрани масивен бор кој паднал врз паркирано возило на улицата Сатеска бр. 40 на 22 ноември 2025 година. Според нивното известување, дрвото – високо околу десет метри – се откорнало од невремето и паднало во пешачката зона пред зградата со три влеза. Жителите …
Continue Reading
(Видео) Тренчевска: Со ВМРО-ДПМНЕ дупката во ПИОМ достигна 1 милијарда евра, одржливоста на пензиите е загрозена
Пратеничката од Социјалдемократаскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, на денешните пратенички прашања упати прашање до заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, за состојбата со Фондот за ПИОМ и динамиката на исплата на пензиите. Тренчевска во своето обраќање посочи дека дупката во Фондот за ПИОМ е над 1 милјарда евра, односно толку пари државата ќе префрла за да …
Continue Reading
Евролигата го казни Монако, не може да регистрира нови играчи
Евролигата објави дека го казнила Монако за кршење на правилата за финансиски фер-плеј. Како што е наведено, врховното тело на елитното клупско натпреварување на Стариот континент одлучи за оваа мерка поради прекршување на членовите 32(а), 32(в) и 32(е). Станува збор за прекршувања поврзани со пречекорување на платите, како и ненавремено обезбедување на потребната документација и недостаток на соработка од страна …
Continue Reading
(Видео) Андоновска прашува каде завршиле 800.000 евра од отпишаната пченица
Викторија Андоновска oд ВМРО-ДПМНЕ обвини дека поранешниот министер и заменик министер за земјоделие Трајан Димковски, во периодот 2019–2021 година, заедно со уште четири службени лица, извршил отпис на 2.000 тони пченица и јачмен од државните стокови резерви, во вредност близу 800.000 евра. Според Андоновска, пченицата била отпишана иако постоела и била употреблива. Таа наведе дека Димковски доставил записник до Владата …
Continue Reading
Скопјанец со туѓа изгубена картичка плаќал низ продавници, поднесена пријава
Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.И. (47) од скопското село Палиград, поради сомнение дека сторил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Според полицијата, на 09.10.2025 тој неовластено ја искористил изгубената платежна картичка на лице од Кичево и во два наврати извршил наплата во продажни објекти во градот. По преземени мерки, бил пронајден и приведен во …
Continue Reading
Жена ограбена пред банкомат во Дебар, осомничениот приведен
Полицијата во Дебар поднесе кривична пријава против К.М. (23) од селото Могорче, поради сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“. Според полицијата, на 19.11.2025 тој забележал жена од Дебар како подига пари од банкомат, по што насилно ѝ ги одзел парите и избегал. Набрзо бил пронајден и приведен во полициската станица.
Continue Reading