Муртезани-Розенкранц: Процесот на пристапување во ЕУ треба да се води исклучиво врз основа на заслуги, а не на билатерални условувања

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утрово беше домаќин на министерката за европски прашања на Кралството Шведска, Јесика Розенкранц, која вчера и денес престојува во работна посета на Република Северна Македонија. Во рамките на состанокот во Министерството за европски прашања се одржаа тет-а-тет средба и пленарен состанок на делегациите, на кои се разговараше за европската интеграција на Северна Македонија, билатералната …

Continue Reading

Годинава повеќе разводи и помалку бракови од лани

Во третото тримесечје од годинава бројот на разведени бракови во споредба со истиот период лани е зголемен, додека бројот на скучени бракови во споредба со лани е намален, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).   Во третото тримесечје од годинава се склучени 3.514 бракови што е намалување за 2,8 проценти во споредба со истиот период лани, објави Државниот завод за …

Continue Reading

Jапонскиот суд: Забраната за истополови бракови е уставна

Високиот суд на Јапонија денес пресуди дека забраната за истополови бракови во земјата не го крши Уставот, отфрлајќи ги барањата на тужителите за надомест, со што ја потврди позицијата на државата, објави „Кјодо“. Одлуката на Високиот суд во Токио ја означи конечната пресуда меѓу шест слични тужби поднесени низ цела Јапонија. Претходните пониски судови имаа поделени мислења: некои сметаа дека …

Continue Reading

Моника Белучи открива зошто сите нејзини врски пропаднале

Кога Моника Белучи зборува за љубовта, нејзините зборови звучат смирено и без претерување. Таа отсекогаш имала способност да ги гледа врските подлабоко од повеќето луѓе. Во интервју за Paris Match, таа кажа реченица што веднаш ги погоди многу жени: „Постојат моменти во животот на жената кога таа е оставена сама со својата болка. И таа плаче не затоа што е …

Continue Reading

Семејството на Брус Вилис донесе важна одлука

Семејството на ветеранот американскиот актер Брус Вилис ја објави својата намера да го донира неговиот мозок за науката по неговата смрт, пишуваат медиумите. Веста привлече светско внимание и дојде директно од неговите најблиски роднини, предводени од неговата сопруга Ема Хеминг Вилис. Од 2022 година, Брус Вилис се повлече од глумата откако му беше дијагностицирана афазија. Една година подоцна, лекарите ја …

Continue Reading

Експертите откриваат: Мали промени што можат значително да го забават стареењето

Секојдневните избори што ги правиме во врска со исхраната, вежбањето, спиењето и управувањето со стресот имаат големо влијание врз тоа како старееме, според нова студија на 53 експерти, вклучувајќи лекари, диететичари и фармацевти. Пораката на експертите е јасна: Фокусирајте се на основите. Давањето приоритет на дневната физичка активност и здравата исхрана е најдобриот начин да се обезбеди здраво стареење, рече …

Continue Reading

Лувр ги зголемува цените на билетите за 45 проценти за повеќето туристи кои не се од ЕУ

Цените на билетите за Лувр во Париз ќе се зголемат за 45 проценти за повеќето посетители надвор од Европската Унија, одлучи одборот на директори на музејот. Од почетокот на следната година, туристите од земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Кина, ќе мора да платат 32 евра за влез во музејот, зголемување на цената за кое се очекува да генерира …

Continue Reading

Гилмор се повреди, никој во Наполи не знае колку ќе паузира

На фудбалерот на Наполи, Били Гилмор, му претстои пауза, единственото прашање е колку долго ќе трае, што е причина за нова грижа на тренерот Антонио Конте. Шкотскиот играч од средниот ред почувствува болка во препоните на почетокот на ноември против Комо кога го напушти теренот на крајот од првото полувреме и оттогаш не можеше да тренира со тимот. Поради ова, …

Continue Reading

Астронаут од Германија ќе биде првиот од Европа што ќе патува на Месечината

Првиот Европеец во една од идните мисии на американската агенција НАСА на Месечината ќе биде од Германија, а подоцна астронаути од Франција и Италија ќе ги следат неговите стапки. Ова го објави генералниот директор на Европската вселенска агенција (ЕСА), Јозеф Ашбахер, во Бремен, Германија, каде што се одржува состанок на Советот на ЕСА, објави АФП. ЕСА придонесува во американската програма …

Continue Reading