СДСМ: Криминалната Влада на Мицкоски молчи за тендерите од 9 милиони евра

Помина цел ден, а Владата на Мицкоски како да зенемела за скандалот што го објавивме, нема одговор на ниту едно прашање што го поставивме. Криминалната Владата молчи за тендерите од 9 милиони евра за фирма со двајца вработени формирана минатата година, обвини СДСМ. „Па зарем немаат што да им кажат на граѓаните? Или им ги фативме криминалните шеми на кој …

Continue Reading

Откажан концертот на Аца Лукас на Јахорина; Додик: Тој го повреди српскиот народ

Концертот на српскиот пејач Аца Лукас што требаше да се одржи на 12 декември во Олимпискиот центар во Јахорина беше откажан. Причината за откажувањето е фотографијата на која пејачот е во друштво на поранешниот воен командант на Армијата на РБиХ, Насер Ориќ. „Фотографијата предизвика загриженост и возбуда кај јавноста во Република Српска. Јавноста ќе биде навремено информирана за новиот изведувач …

Continue Reading

Трамп: Украина има сериозни проблеми

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е оптимист по разговорите меѓу украинските претставници и неговата администрација за начините за завршување на војната во Украина, велејќи дека постои „добра шанса“ за договор. Зборувајќи во авионот „Ер Форс Уан“, тој рече дека Украина има „сериозни проблеми“ и дека скандалот со корупција во земјата „не помага“. Претседателот не одговори на новинарското прашање …

Continue Reading

Приведени седум лица по натпреварот меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи

Седум лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи. Според информациите на МВР, синоќа по завршување на фудбалскиот напревар во рамките на Прва македонска фудбалска лига одигран помеѓу екипите на ФК Вардар АД Скопје и ФК Шкупи Скопје одигран на спортскиот комплекс на ФФМ „Петар Милошевски”, се …

Continue Reading

Џирона го запре Реал, Барселона се врати на првото место

Реал Мадрид ја продолжи серија без победа во Примера. Во 14-то коло, во Џирона, Реал одигра 1:1 против истоименоот домаќин. Реал во последните три натпревари, три пати ремизираше, поради што и ја препушти лидерската позиција на Барселона. „Кралскиот клуб“ има бод помалку од Каталонците, зад него Виљареал има еден, а Атлетико Мадрид два бода помалку. Реал Мадрид нема победа во …

Continue Reading

Навивачите со огномет го прекинаа натпреварот на Ајакс

Последниот натпревар од 14-то коло од холандското фудбалско првенство помеѓу Ајакс и Гронинген беше прекинат во седмата минута по голем огномет од страна на домашните навивачи. Навивачите го предизвикаа првиот прекин во шестата минута откако запалија голем број факели за да му оддадат почит на еден од нивните навивачи кој почина минатата недела. Судијата Бас Нијхуис ги испрати двата тима …

Continue Reading

Кошаркарите во Даблин ја победија Ирска

Кошаркарска репрезентација на Македонија ја постигна втората победа во претквалификациите за Евробаскет 2029. Македонија, во Даблин ја совлада Република Ирска со 76:88 (27:20; 13:22; 22:19, 14:27). Лоша прва, одлична втора и брилијнтан последна четвртина одиграа македонските кошаркари, во мечот од второто коло, во А групата. Лошо влегоа во натпреварот играчите на селекторот Марјан Илиевски, имаа негатива од седум поени по …

Continue Reading

Во крводарителска акција во Велес собрани 99 крвни единици

Во акцијата за доброволно дарување на крв што по 7. пат ја организира Здружението „Велес бајкинг“ во соработка со Општинската организација на Црвен крст Велес денеска во Театарот во Велес, беа собрани 99 крвни единици што е рекорд за оваа веќе традиционална акција. Инаку лани беа собрани 68, а во 2023 година 76 крвни единици. Орце Николов секретар на ООЦК …

Continue Reading

Аталанта ја продолжи агонијата на Фиорентина

Во дуел меѓу два тима од кои се очекуваше многу повеќе оваа сезона, Аталанта успеа да ја победи Фиорентина со 2:0 (1:0). Ова е прва победа на Аталанта во Серија А од 21 септември, а Фиорентина и по 13-то коло се уште е без победа. Во првото полувреме немаше сериозни шанси, Аталанта беше малку поконкретна, но без реализација до 41-та …

Continue Reading