Карпошани учествуваат во креирање на општинскиот буџет

Во насока на поголема транспарентност при формирање на општинскиот Буџет за 2026 година, Општина Карпош од денеска започна иницијатива во која директно ги вклучи своите граѓани во планирање со овој процес. По тој повод, градоначалникот Сотир Лукровски, Секретарот на Општината Мирјана Пехчевска Поп Илиева и претседателот на Советот Христо Саракинов, денеска остварија работни средби со жителите од урбаните заедници „Кузман …

Continue Reading

10 декември: Читање литературни творби од „Месецот на книгата“

На 10 декември (среда), во 12:30 часот, во просториите на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, ќе се одржи настан на кој ќе бидат прочитани дел од творбите што учествуваа на овогодишното издание на Литературниот конкурс за ученици по повод Месецот на книгата. Оваа година, учениците од основните училишта и од средното училиште во Гевгелија имаа можност да се натпреваруваат со …

Continue Reading

Василевска бара изземање на Апасиев од претседавање со Анкетната комисија за Кочани

Пратеничката од редовите на ВМРО–ДПМНЕ, Иванка Василевска, на денешната седница на анкетната комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот побараа изземање на претседавачот Димитар Апасиев од Левица. „Колега Апасиев, дозволете ми да ви посочам дека денешното постапување на постојаната анкетна комисија за човекови права е регулирано со Законот за постапување по поднесоци и претставки, каде во членот 10 …

Continue Reading

Гевгелија во балетски сјај: јубилеен концерт на Балетскиот оддел во ООМУ „В. Карајанов“ со фрагменти од „Лебедово езеро“

Гевгелија, на 4 декември 2025 година, блесна во духот на класичната уметност, претворајќи го Народниот театар во сцена каде што музиката на Чајковски и танцот на младите балетани се споија во една незаборавна уметничка вечер. Во рамките на програмата „Гевгелија – град на културата за 2025 година“ се одржа свечениот концерт „Балетски фрагменти од Лебедово Езеро“, создаден како јубилејна прослава …

Continue Reading

Македонскиот филм „Неми филмови“ меѓу најдобрите анимирани кратки дела за 2025 според „Animation Magazine“

Kраткометражен анимиран филм „Неми Филмови“ на режисерот Крсте Господиновски е вклучен во изборот на Animation Magazine за најистакнати анимирани кратки филмови во 2025 година. Во текстот „Избор на познавачот: Субјективен критички преглед на најдобрите кратки анимирани филмови за 2025 година“, авторот Крис Робинсон – долгогодишен уметнички директор на Меѓународниот фестивал за анимиран филм во Отава – го наведува филмот како …

Continue Reading

Три огледала во центарот на Скопје со порака против говорот на омраза

Акцијата „Огледало“ претставува јавна уметничка интервенција чија цел е да ја поттикне личната и општествената свест за говорот на омраза. Поставени во централниот градски простор на малиот сквер кај Ким во порта Буњаковец, три големи огледала ја канат публиката да застане, да се огледа и да размисли за сопствените зборови, навики и ставови. Наместо да даваат инструкции или забелешки, огледалата …

Continue Reading

Мерц вели дека Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз, Кремљ му одговари

Кремљ денес соопшти дека европските тврдења дека рускиот претседател Владимир Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз се погрешни и дека тврдењата дека тој има намера да нападне членка на НАТО се целосна бесмислица. Путин, кој е роден во СССР, го опиша распадот на таа земја во 2005 година како најголема геополитичка катастрофа на 20 век, бидејќи десетици милиони Руси …

Continue Reading

Фаворитите на Мундијалот според Лео Меси

Фудбалската репрезентација на Аргентина ќе ја брани титулата светски шампион на Светското првенство во 2026 година во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада. Иако капитенот Лионел Меси (38) сè уште не потврдил дали ќе игра на турнирот, тој ги откри своите фаворити за освојување на трофејот. По ждрепката на групите за Светското првенство, на кое за прв пат ќе учествуваат …

Continue Reading

Трамп: Да бев претседател, немаше да се случи војната во Украина

Во опсежно интервју за „Политико“, американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш јасно стави до знаење дека својата политика кон Европа и Украина ја гледа значително поинаку од повеќето европски лидери и неговите претходници во Белата куќа. „Политико“ го именуваше за највлијателна личност што ја обликува Европа во својата годишна анкета P28, а Трамп ја искористи можноста да ја нападне европската …

Continue Reading