Премиерот слушна, но не сака да зборува за барањето за обесштетување за трагедијата во Кочани: Не би сакал за тоа да коментирам
Премиерот Христијан Мицкоски седнат во првиот ред во Собранието денес ги слушна барањата на родителите на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани. Тие побараа правда, одговорност и од актуелни функционери и вработени во институциите, системски измени за да не се повтори таква трагедија и психолошка и финансиска помош за семејствата на ист начин како што државата постапила по трагедијата …
Continue Reading
Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор за илегални мигранти
Премиерот, Христијан Мицкоски, ги отфрла наводите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека во Македонија ќе бидат отворени кампови за мигранти. Вели дека додека тој е премиер, нема да никне ниту еден шатор за илегални мигранти во земјава. „Додека јас сум премиер, додека јас сум претседател на оваа влада, нема да никне ниту еден шатор во кој што ќе бидат …
Continue Reading
Вучиќ: Нема да го менувам Уставот за да останам претседател, но би можел да станам премиер
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема да го менува Уставот за да остане претседател, но ја остави отворена можноста да стане премиер, за што, вели тој, му е потребна јавна поддршка. Тој додаде и дека е уморен и би сакал некој друг да ја преземе таа работа во иднина, пишува Blic.rs. Вучиќ на форумот „Beltalks: Економски разговори во …
Continue Reading
МОН доделува 50 стипендии за академски студии од втор циклус и 20 стипендии за академски студии од трет циклус
Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување стипендии за академски студии од втор и трет циклус во земјава и истите можат да се погледнат на следниот линк. Стипендиите се однесуваат на студенти кои се запишани на втор или трет циклус на студии во земјата, на едно од следниве научни подрачја: природно-математичките науки (биологија, физика, гео-физика, геологија и …
Continue Reading
Клековски: Нема застој во исплатите на породилното и капитацијата на лекарите
Фондот за здравствено осигурување денес одржа прес-брифинг на кој беа презентирани информации поврзани со исплатата на породилни отсуства, капитацискиот модел за матичните лекари, како и достапноста на здравствените услуги во делот на анализите за тумор-маркери. „Во врска со поединечни наводи за заостанување во исплатите за породилно отсуство, Фондот за здравствено осигурување јасно информира дека не постои одложување во исплатите. Сите …
Continue Reading
Посебен режим на сообраќај ќе биде воспоставен на 10 и 11 декември на улиците во близина на црквата „Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“.
Почитувани граѓани, Ве известуваме дека на ден 10.12.2025 (среда) и на ден 11.12.2025 (четврток), поради чествувањето на празникот на градот Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот од страна на СВР Струмица, и тоа на улиците „Крушевска Република“, „5ти Ноември“, дел од улицата „Бетовенова“ и улицата „Славчо Стојменски“. Дополнително, ве известуваме дека дозволена зона …
Continue Reading
Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници
Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay, со што корисниците на банката можат да ги користат своите дебитни и кредитни Mastercard картички преку уредите на Apple. Плаќањето може да се изведе со iPhone, Apple Watch, iPad или Mac, без носење физичка картичка и без внесување податоци при секоја трансакција. Apple Pay функционира како дигитален паричник во кој се додава картичката од …
Continue Reading
10 декември: Новогодишен детски концерт на Ансамбл „Бојмија“
На 10 декември 2025 година, со почеток во 19:30 часот, во Народниот театар- Гевгелија, ќе се одржи Новогодишниот детски концерт на Ансамбл „Бојмија“ под наслов „Колоритот на орото“. Публиката ќе има можност да ужива во шареноликата традиционална музика и ора, изведени од детските групи, кои со својата енергија и љубов кон народното творештво ќе ја разбудат празничната магија во градот. …
Continue Reading
МОН воведува нови стипендии, конкурсите се веќе објавени
По воведувањето на стипендии за стимулирање на средношколци за упис на прв циклус на студии по македонски јазик за тековната академска година, Министерството за образование и наука годинава исто така за прв пат ќе додели и 7 стипендии за втор и 5 стипендии за трет циклус на студиски програми за изучување на македонскиот јазик. Конкурсите се веќе објавени. За стипендија …
Continue Reading