Прегазена жена во Битола

Утрово во 05:40 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Столарска“ во Битола, патничко возило „хјундаи” со битолски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната И.А. од Битола, удрило во пешакот Ј.Н.(57). Во несреќата Ј.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР  Битола.

Continue Reading

(Видео) Да се испита потеклото на парите на Томовски и донациите во ДПМНЕ: Антикорупцискиот тим на СДСМ со пријава до ДКСК

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска поднесува официјална пријава до Државната комисија за спречување корупција, околу случајот на „Сити Аутсорсинг“. „Фирма која добила 161 тендер, вредни 9 милиони евра а само годинава заработила речиси половина милион евра. Фирма со семејни врски на Ивица Томовски, актуелниот директор на СОЗР со оваа фирма. ДКСК минатата недела отвори предмет за овој случај, но нема …

Continue Reading

Зидан се договорил со Фудбалската федерација на Франција

Зинедин Зидан постигнал договор да ја преземе француската репрезентација, тврди фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо. Многу пати, познатиот фудбалер нагласувал дека негов голем сон е да ја води фудбалската репрезентација на Франција. Сонот ќе му се оствари, бидејќи Зидан се смета за единствен наследник на Дидие Дешан на таа позиција. Дешан веќе објави дека ќе се повлече од селекторската позиција по …

Continue Reading

Австралискиот премиер предложи построги закони за оружје по убиството на 15 лица на плажата Бонди

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денес предложи построги национални закони за оружје по вооружениот напад за време на прославата на еврејскиот празник Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, во кој во неделата беа убиени 16 лица. Албанезе рече дека ќе предложи нови ограничувања, вклучително и ограничување на бројот на оружје што може да го добие лиценциран сопственик. Неговите предлози беа објавени …

Continue Reading

Киву задоволен, Интер повторно е лидер во Серија А

Фудбалерите на Интер ја победија Џенова во натпреварот од 15-то коло од Серија А, со што се вратија на врвот на табелата. Интер ги искористи неуспесите на Милан и Наполи, на врвот има бод повеќе од градскиот ривал и два бода повеќе од актуелниот шампион. Несомнено е дека ќе има жестока борба за титулата во Серија А, во текот на …

Continue Reading

Пентагон откри нови детали за хиперсоничното оружје „Темниот орел“

Нови, претходно непознати детали за американскиот хиперсоничен систем за оружје „Темниот орел“ беа откриени за време на неодамнешната посета на министерот за одбрана Пит Хегсет на воздухопловната база Редстоун Арсенал во Алабама. За време на посетата, во која базата беше прогласена за ново седиште на американската вселенска команда (SPACECOM), високи воени претставници ги презентираа клучните спецификации за дострелот и боевата …

Continue Reading

(Фото) Дуа Липа го враќа трендот „логоманија“

Во последните неколку години, особено со појавата на „old money“ стилот, минимализмот беше во преден план при изборот, но и при создавањето модни парчиња. Сепак, големите модни куќи полека го менуваат овој наратив, воведувајќи парчиња облека што го прикажуваат логото на даден бренд. Со други зборови, кичот се враќа на големо и ова, секако, прво се забележува во гардеробите на …

Continue Reading

Орбан: Европа е на прагот на голема можност за решавање на војната што трае веќе четири години

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Европа е на прагот на голема можност и дека Соединетите Американски Држави наскоро би можеле да стават крај на војната што Европејците не можат да ја решат веќе четири години. Тој ова го напиша на својот Фејсбук профил, во пресрет на состанокот на Комитетот за прашања на Европската унија на унгарскиот парламент и …

Continue Reading

Синот на Трамп сподели објава по нападот во Сиднеј: „Толку тажно. Толку вистинито“

Доналд Трамп јуниор, син на американскиот претседател Доналд Трамп, сподели една од објавите што се појавија на социјалните мрежи по вчерашниот терористички напад на плажата Бонди во Сиднеј. Оригиналната објава содржеше фотографии од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и терористот Навид Акрам. „На еден од овие мажи му е забранет влез во Австралија“, се вели во пораката. Трамп помладиот ја сподели …

Continue Reading