Објавен нов осврт кон романот „Столб што пее“ на Томислав Османли

Во најновиот број на прилогот „Култура, уметност и наука“, белградскиот весник „Политика“ под насловот „ Ода кон источниот Медитеран “ објави осврт кон српското издание на романот „Столб што пее“ од Томислав Османли. Романот, во превод на писателот и преведувач Сашо Огненовски, неодамна го објави новосадското книгоиздателство „Агора“ . По подеднакво содржајната рецензија објавена пред три месеци во угледниот белградски …

Continue Reading

Директорката за комуникации во тимот на Меган и Хари си заминува по помалку од една година

Директорката за комуникации во тимот на Меган Маркл и принц Хари, Мередит Мејнс, ја напушта функцијата по помалку од една година работа. Според „Пејџ сикс“, таа е најмалку единаесеттата личност која ја напуштила истата или слична позиција во нивниот тим во последните пет години. Извори наведуваат дека заминувањето не е во лоши односи и дека Мејнс била задоволна од работата, …

Continue Reading

Не се расправате, а сепак сте исцрпени: тивки знаци дека врската се распаѓа

Дури и во врските што изгледаат најздрави, може да има суптилни знаци што го најавуваат крајот, вели психологот Марк Траверс. Иако почетокот на врската често е исполнет со чувства на среќа и верување дека сте ја пронашле „вистинската“ личност, овие чувства можат да исчезнат со текот на времето, а сомнежите да ви се влеат во умот. Пишувајќи за Форбс, Траверс …

Continue Reading

Лавров: Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма

Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма и го смета тој остров за неразделен дел од Кина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во соопштение објавено денес. Во интервју за руската државна новинска агенција ТАСС, Лавров, исто така, ја повика Јапонија да „размисли внимателно“ за она што го опиша како пат кон милитаризација. Depositphotos

Continue Reading

Сојузниците му дадоа поддршка на Зеленски пред средбата со Трамп на Флорида

Сојузниците му дадоа силна поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Палм Бич, Флорида. Зеленски одржал видеоконсултации со лидери на повеќе европски земји, Канада, како и со високи претставници на Европска унија и НАТО. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Коста порачаа …

Continue Reading

Брутално претепан познатиот албански водител Елтон Тозај, може да остане слеп

Познатиот албански водител Елтон Тозај бил нападнат и брутално претепан синоќа околу 19:30 часот на автопатот Тирана-Драч, под околности кои сè уште остануваат вознемирувачки и нејасни, објавија медиумите. Според информациите објавени од неговото семејство, на неговиот профил на социјалните мрежи, новинарот бил брутално нападнат од неколку лица. Во насилството врз Тозај му биле нанесени сериозни физички повреди. „Семејството објави дека …

Continue Reading

Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар

Вчера претпладне било пријавено дека била украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од паркот во скопски Центар. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (26.12.2025) во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека од парк на подрачјето на Центар во Скопје е одземена спомен бистата на народниот херој Вера Јоциќ. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Родителите за загинатите деца во Пулс со порака: Пред Нова година и Божиќ, кога светот се радува, кај нас празниците болат најмногу

Со солзи и голема болка денеска маршираа низ кочанските улиците семејствата на загинатите млади луѓе во кочанската дискотека „Пулс“. Во емотивните говори на последниот Марш на ангелите оваа година порачаа дека ова не е само марширање, туку одење со срце што е скршено засекогаш. -Ние сме родителите што нема да дочекаат матура. Нема да стојат гордо на дипломирање. Нема да …

Continue Reading

Бурата Јоханес ја погоди Шведска, повеќе од 40.000 домаќинства без струја

Бурата Јоханес ја погоди Шведска носејќи силни ветрови и снежни врнежи, додека повеќе од 40.000 домаќинства останаа без електрична енергија. Според метеоролозите, бурата се шири брзо и се очекува ветровите да се зајакнат во текот на денот. Бурата започна ноќеска од северот на земјата, со многу силни ветрови, додека жолти и портокалови временски предупредувања беа издадени за поголемиот дел од …

Continue Reading