Изгоре „пасат“ на граничниот премин „Ќафасан“: нема повредени

Вчера во 15.20 часот, во патничко возило „пасат“ со дебарски регистарски ознаки, кое било во колона за влез во државата, на граничниот премин „Ќафасан“, избувнал пожар, извести СВР Охрид. Повредени лица нема, а возилото, сопственост на Ф.Ф.(34) од Дебар, било веднаш отстрането од колоната и со противпожарен апарат било спречено натамошно ширење на пожарот.

Continue Reading

(Видео) Барот во Швајцарија никој не го проверувал пет години: прскалките сега се забранети

Ски-барот кој изгоре на новогодишната ноќ не поминал низ безбедносни проверки пет години, открија швајцарските власти на прес-конференција. Во трагедијата во „Le Constellation“ во одморалиштето Кран-Монтана загинаа 40 лица, а 116 беа повредени. Властите, исто така, објавија итна забрана за употреба на прскалки во локалните ресторани откако прелиминарната истрага покажа дека тие се веројатна причина за пожарот, јавува Би-би-си. Пожарот …

Continue Reading

Уапсени тројца скопјани: кај нив пронајдени книги, сопственост на Државниот архив на РСМ

На 06.01.2026 во 04:45 часот на крстосницата од булеварот „Партизански Одреди“ со улицата „Московска“ во Скопје, полициски службеници ги лишија од слобода Е.Д.(18), Х.Е.(19) и 17-годишник, сите од Скопје. По претходно добиени сознанија, било сопрено патничко возило „опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д. и по извршен преглед на возилото, биле пронајдени и одземени книги, сопственост на Државен …

Continue Reading

Уапсен велешанец: при претрес во неговиот дом пронајдени пари и предмети што ги украл

Вчера во 17:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода 36-годишниот Љ.Ј. од Велес, поради основи на сомнение дека сторил повеќе кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Велес. По добиени оперативни сознанија, извршен е претрес во неговиот дом, со судска наредба, при што биле пронајдени и одземени пари и предмети за кои постои сомнение …

Continue Reading

Важен состанок за Украина денес во Париз: „Ќе бидеме подготвени за двете сценарија“

Сојузниците на Украина се состануваат во Париз попладнево и ќе се обидат да ги финализираат своите придонеси за идните безбедносни гаранции за Киев во случај на прекин на огнот со Русија, соопштија дипломати и службеници. Украинскиот претседател Володимир Зеленски и повеќе од 27 лидери, ќе се соберат во француската престолнина, заедно со американските преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер, како …

Continue Reading

Слаби врнежи од снег на Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег бележиме на Попова Шапка кој во моментов не се задржуват на коловозот, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина …

Continue Reading

(Фото) Голем број деца пеејќи ја божиќната песна „Вечниот Бог“ пристигнаа во општина Аеродром

Со неизмерна радост, утринава голем број дечиња од сите делови на Аеродром, пеејќи ја божиќната песна „Вечниот Бог“, пристигнаа во општина Аеродром и станаа првите гласници на Бадник, во пресрет на Христовото раѓање. „Тие, носејќи го бадниковиот пламен, ни ги исполнија душите со празнична топлина, љубов и надеж. Како дел од традиционалната манифестација „Бадниковите поворки“, со чисти гласови и искрени …

Continue Reading

(Фото) Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите од општина Илинден

По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест за Христовото раѓање – Божиќ. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ги пречека коледарите пред Домот на култура „Илинден“, каде што им подари празнични пакетчиња и им посака добро здравје, среќа, успеси и благосостојба во семејствата, при што истакна дека …

Continue Reading

Кога криминогеноста на Заев ќе се спои со сервилноста на Филипче се добива ново соединение ЗаеФче, кое не знаете дали е опозиција во Македонија или во Србија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Чаршаф соопштенијата пратени од Белград, напишани од екс советникот на Заев, Башанoвиќ, со претежна анализа на политичката сцена во Србија, Венко го прави опозиција на батерии во Србија, а не во Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „ВМРО-ДПМНЕ не се меша во политичките состојби во Србија и за нас единствен интерес е интересот на македонските граѓани. Но опседнатоста на Венко со Србија, …

Continue Reading