Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег

Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а …

Continue Reading

Почувствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23 часот и 9 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Република Косово, на околу 46 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0 Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово и околината …

Continue Reading

Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец

Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај. Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР. По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе …

Continue Reading

„Ова се ужасни работи“ – Балканската естрада вознемирена од инцидентите со Здравко Чолиќ и Даниел Кајмакоски

Откако кон куќата на легендарниот пејач Здравко Чолиќ неодамна беше фрлена бомба, само неколку дена подоцна беше киднапиран македонскиот пејач кој живее во Србија, Даниел Кајмакоски. Овие настани предизвикаа загриженост кај фановите, но и естрадата во таа земја, пишуваат српските медиуми. Додека полицијата и надлежните органи интензивно ги истражуваат околностите на двата инцидента, јавноста ги следи деталите, а некои од …

Continue Reading

Јапонската премиерка Такаичи освои историска победа на изборите

Ризичниот потег на премиерката на Јапонија, Санае Такаичи, да распише предвремени избори ѝ донесе убедлива победа – нејзината владејачка Либерално-демократска партија освои повеќе од 310 од 465 пратенички места во долниот дом, јави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на анкетите на јапонската телевизија NHK. Ова е првпат по Втората светска војна една партија да има двотретинско мнозинство во парламентот. Тие сега можат …

Continue Reading

Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди

Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње. Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало …

Continue Reading

Бабиш ја повика Европа да почне преговори со Путин

Чешкиот премиер Андреј Бабиш повика Европа да започне преговори со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на конфликтот во Украина, пренесоа денеска чешките медиуми. „Европските лидери сега почнаа да зборуваат дека треба да се преговара со Путин. Порано, кога унгарскиот премиер Виктор Орбан беше кај Зеленски и кај Путин, сите го осудуваа тоа“, потсети Бабиш, пренесува порталот TN. Тој ги …

Continue Reading

Густата магла и лизгавиот пат ѝ помогнале на полицијата да го спаси Кајмакоски, тврди извор за српските медиуми

Густата магла и лизгавиот коловоз, по сè изгледа, одиграле клучна улога во спасувањето на Даниел Кајмакоски. Како што вели извор на Курир.рс, можно е киднаперите, поради намалената видливост, да се дезориентирале и на кружниот тек кај Рума пропуштиле да скршнат во планираниот правец, па продолжиле право и изгубиле контрола над возилото, кое излетало од патот и удрило во банкина. „Токму …

Continue Reading

„Само Трамп може да ја запре војната“ – украинскиoт министер повика на лидерска средба со Русија

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, изјави дека само американскиот претседател Доналд Трамп може да ја запре војната и повика на директна средба меѓу украинскиот и рускиот лидер за да се решат најтешките прашања во мировните преговори. Според него, од мировниот план од 20 точки останале нерешени само неколку, но тие се „најосетливите и најтешки“ и бараат лидерска интервенција. …

Continue Reading