Целта на Владата е да има енергенси по најевтини цени во регионот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Граѓаните многу добро се сеќаваат каква беше реалноста за време на СДС кога несигурноста беше секојдневие. Случувањата на Блискиот Исток ја прават состојбата на енергетските пазари динамична, со цени кои варираат од час во час, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Владата, додаваат од оваа партија, неуморно работи да обезбеди енергетска стабилност. „Целта е Македонија да има енергенси по најевтини цени во регионот, …

Continue Reading

Ер Србија евакуираше уште 266 лица од Дубаи во Белград

266 патници беа безбедно вратени од Дубаи во Белград со вториот специјален лет на Ер Србија ноќеска, соопшти српското Министерство за надворешни работи. Станува збор за продолжување на евакуацијата на српските граѓани кои изразија желба да се вратат од загрозените области, што започна пред неколку дена, пишува Н1 Србија. Делегацијата на Министерството за надворешни работи на овој, втор лет за …

Continue Reading

Крвави ви се рацете, оставка од Тошковски, бара СДСМ

Оставка од Панче Тошковски после толку многу трагедии и згаснати животи е првиот чекор кон одговорност и основен услов за некаква промена на системот кој не успеа да ги заштити жртвите, велат од СДСМ. Заедничко за сите трагедии, како што напоменуваат, е потфрлањето на МВР со кое раководи Панче Тошковски. „За последната трагедија во Карпош, во која згаснаа животите на …

Continue Reading

Експерти: САД влегуваат во војна во Иран без цел или стратегија

Воената кампања на Соединетите Американски Држави и Израел против Иран би можела да се претвори во долготраен и исцрпувачки конфликт без јасен исход, предупредуваат некои меѓународни аналитичари. Според нивните проценки, недостатокот на јасно дефинирани цели и стратегија ја доведува во прашање можноста воената операција да донесе опипливи резултати. Професорот Хидеаки Шинода од Универзитетот за странски студии во Токио смета дека …

Continue Reading

Николоски во работна посета во Вашингтон, обраќање во Светска банка и високи средби во Стејт Департментот

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и членови на неговиот кабинет во наредните три дена ќе престојуваат во САД, каде што е предвидено да има средби во Светска банка и Стејт Департментот. На годишниот форум насловен како „Transforming Transportation 2026″, Николоски ќе се обрати како еден од главните говорници. Николоски е предвидено да има свое обраќање …

Continue Reading

Започна светската криза: цените на нафтата достигнаа 118 долари за барел

Цените на нафтата денес надминаа 110 долари за барел поради прекини во снабдувањето, објавува „Trejding ekonomiks“. Фјучерсите за сурова нафта VTI денес пораснаа за дури 31 процент, пред да се вратат во трговија за 13 проценти над 100 долари за барел, поради намалувањето на производството од страна на големите производители од Блискиот Исток по прекините во Ормутскиот теснец. Претседателот на …

Continue Reading

(Видео) Пукано кон домот на Ријана во Беверли Хилс: пејачката била внатре

Домот на поп-ѕвездата Ријана во Беверли Хилс бил цел на пукање, соопшти полицијата. Полициските службеници од Полициската управа на Лос Анџелес одговориле на пријава за пукање во 13:15 часот по локално време во неделата. Осомничениот бил пронајден и приведен. Полициски службеник потврдил за CBS News дека домот на Ријана бил цел на нападот и дека на местото на настанот биле …

Continue Reading

(Фото) Една фризура ќе биде вистински хит на пролетта 2026: Веќе ги освои познатите дами

Лондонската недела на модата донесе нов пристап кон пролетните фризури, сместени помеѓу кратки, разбушавени бикси фризури и ултра долги, сирена-должини. Помеѓу овие две крајности повторно доаѓа до израз миди фризурата – стил кој ја комбинира разновидноста на долгата коса со силното модно влијание на пократките, модерни фризури. Што точно е миди фризура? Миди фризурата вклучува должина на коса која е …

Continue Reading

(Видео) Невидена тепачка во бразилското дерби и историски 23 црвени картони

Улична тепачка и 23 црвени картони го обележаа финалниот меч, во шампионатото на бразилската сојузна држава Минеиро. Во финалето играа крузеиро и Атлетико Минеиро. Натпреварот беше прекинат поради општа тепачка, прирезултат 1:0 за Крузеиро (стрелец Каио Жорж). Инцидентот започна по дуелот на голманот на Атлетико, Еверсон и напаѓачот на Крузеиро, Кристијан. Ситуацијата ескалира до таа мера, што главниот судија, Матеус …

Continue Reading