Со ребалансот 1,4 милијарди денари повеќе за земјоделците и 1,2 милијарди за здравството, најави Димитриеска-Кочоска
Предлог измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година од денеска се на дневен ред на матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет. Пред членовите на Комисијата Предлог-ребалансот го образложи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која истакна дека со измените и дополнувања се потврдува заложбата на Министерството за финансии и Владата за економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните …
Continue Reading
Закани со пиштол на Бит Пазар
Деветнаесетгодишен скопјанец пријавил во полиција дека нему, на неговиот брат и на нивен другар им биле упатувани закани со пиштол на подрачјето на Бит Пазар. Според информациите од МВР, на 2 јули во 23 часот во СВР Скопје, В.К. (19) од Скопје пријавил дека околу 20:30 часот, додека бил со својот брат и другар со цел да се видат со …
Continue Reading
Со возило оштетил порта и автомобил, па ја нападнал сопругата – три случаи на семејно насилство
Три кривични пријави се поднесени за случаи на семејно насилство во Гостивар и Свети Николе, информира Министерството за внатрешни работи. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против Ќ.Х. (49) поради сомнение за две кривични дела – „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. Според МВР, на 30 јуни во домот на родителите на неговата сопруга во Гостивар, тој …
Continue Reading
Нови напади врз малолетници во Скопје: момче нападнато во Карпош, девојче во Центар
Два одделни случаи на физички напади врз малолетници се пријавени во СВР Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. Во првиот случај, на 2 јули во 11:30 часот, 38-годишна жена пријавила дека на 21 јуни, околу 21 часот, на подрачјето на Карпош нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Според пријавеното, тој познавал двајца од напаѓачите. Истиот ден, околу …
Continue Reading
САД ги повлекоа силите од Нигерија по операцијата во која беше убиен вториот човек на ИСИС
САД повлекоа поголем дел од силите распоредени за неодамнешната операција против милитантите на Исламска држава во Нигерија, а на барање на нигериските власти продолжуваат да обезбедуваат разузнавачка поддршка, изјави командантот на американската Африканска команда (АФРИКОМ), генерал Дагвин Андерсон, пренесува Ројтерс. Во мај, американските и нигериските сили во заедничка воена операција на североистокот на Нигерија го убија Абу Билал ал-Минуки, вториот …
Continue Reading
(Видео) Силни бури, град и поплави ја прекинаа пеколната жештина во Италија, снег падна на Алпите
Италија беше погодена од бран силни бури придружени со град и налети на ветер кои можеа да надминат 100 километри на час, со што заврши двонеделниот период на екстремна жештина, додека бурата предизвика поплави, паднати дрвја и отстрани покриви во некои области, додека снег падна на превојот Стелвио во Алпите. Метеоролозите наведуваат дека влошувањето на времето се случило поради продор …
Continue Reading
Мицкоски: Македонската армија добива признание и поддршка за посветеноста од НАТО и ЕУ
Премиерот Христијан Мицкоски денес во касарната „Илинден“ во Скопје, беше запознаен со новата опрема за Армијата набавена со поддршка од Европската Унија преку Европскиот мировен фонд. Премиерот изрази благодарност до Европската Унија што, како што рече, ЕУ, донира и препознава во македонската Армија квалитет, посветеност, како Армија којашто е составен дел на НАТО Алијансата. „Ние остануваме, како Влада, посветени да …
Continue Reading
Почна реконсктрукцијата на водоводната мрежа во Долно Нерези
Општина Карпош во соработка со Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, започнува акција за реконструкција на водоводната мрежа на улицата Глигор Чемерски (поранешна Партизанска 11), во населбата Долно Нерези. По повод почетокот на градежните активности, денеска на терен увид извршија градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски како и претставници од ЈП …
Continue Reading
(Видео) Тамара Тодевска со нов летен сингл – „Дива“
Тамара Тодевска ја објавува „Дива“, третиот сингл од новиот визуелен албум „Кукла жива“. Станува збор за брза, динамична и летна песна, која носи енергија, став и порака за слобода, самодоверба и женска сила. „Дива, дива, дива – без страв, без срам, без вина“ е рефренот кој ја носи главната порака на песната: да бидеш своја, без компромиси и без извинување …
Continue Reading