Британските вооружени сили првпат пресретнаа руски танкер од „флотата во сенка“ во Ла Манш

Британските вооружени сили во раните утрински часови во неделата пресретнаа руски нафтен танкер од таканаречената „флота во сенка“ во Ла Манш, соопшти британскиот премиер Кир Стармер. Во шестчасовна операција, припадници на Кралските маринци и специјално обучени службеници од Националната агенција за борба против криминалот се качиле на танкерот „Смиртос“, со поддршка од британските воздухопловни сили. Според британското Министерство за одбрана, …

Continue Reading

Шведска пресретна руски воени авиони над Балтичкото Море

Шведските воздухопловни сили во петокот пресретнале руски воени авиони кои летале во близина на шведскиот воздушен простор над Балтичкото Море, соопштија шведските вооружени сили. Според војската, борбените авиони „Грипен“ биле подигнати во воздух во два одделни наврати поради присуството на руски авиони од типовите Су-24 и Су-34. Притоа не било регистрирано нарушување на шведскиот воздушен простор. Шведскиот премиер Улф Кристерсон …

Continue Reading

Канада и Ирска: Мировниот договор со Иран мора да вклучи и прекин на огнот во Либан

Претстојниот самит на Г7 би можел да биде клучна можност за зацврстување на мировниот договор меѓу САД и Иран, но само доколку во процесот биде вклучен и Либан, порачаа канадскиот и ирскиот премиер во пресрет на средбата на лидерите на најразвиените светски економии. Канадскиот премиер Марк Карни, кој престојуваше во дводневна посета на Даблин, и неговиот ирски колега Михал Мартин …

Continue Reading

Трамп за денеска најави потпишување договор со Иран, Техеран тврди дека сè уште нема конечен договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, кој треба да доведе до повторно отворање на Ормутскиот Теснец, ќе биде потпишан денеска. Сепак, иранските власти го оспорија тој временски рок, наведувајќи дека меморандумот за разбирање сè уште не е финализиран и дека потпишување денеска нема да има. Трамп: Ова е договор без нуклеарно оружје Во …

Continue Reading

Швајцарците денеска одлучуваат за ограничување на бројот на жители, можни последици и за односите со ЕУ

Швајцарските граѓани денеска гласаат на референдум што би можел значително да ја промени имиграциската политика на земјата и да влијае врз нејзините односи со Европската Унија. На референдумот се одлучува дали ќе биде прифатен предлогот бројот на жители на Швајцарија да не надмине 10 милиони до 2050 година. Иницијативата ја предложи десничарската и популистичка Швајцарска народна партија (СВП), која предупредува …

Continue Reading

Зеленски најави интензивни дипломатски средби за засилување на воената помош за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека во претстојните недели планира серија интензивни разговори со партнерските земји во рамките на неколку состаноци на високо ниво. Целта на оваа дипломатска активност е засилување на меѓународната поддршка за Украина, која веќе повеќе од четири години се брани од руската инвазија. Во своето редовно вечерно обраќање во саботата, Зеленски појасни дека главниот фокус на …

Continue Reading

Иран ги затрупал тунелите со збогатен ураниум и поставил мини на влезовите

Иран во последните недели значително ги зајакнал мерките за заштита на своите резерви на високо збогатен ураниум, со тоа што намерно урнал дел од подземните тунели во кои се чува материјалот и поставил експлозивни мини на влезовите, велат за Си-Ен-Ен пет извори запознаени со американските разузнавачки информации. Според нив, пристапот до околу половина тон ураниум збогатен до ниво блиску до …

Continue Reading

(Видео) Бразил и Мароко одиграа без победник

Фудбалерите на Бразил и Мароко одиграа 1:1, на „Метлајф“ стадионот во Њу Џерси. На 21-во Светско првенство по ред, Бразил остана непоразен во првиот натпревар од (17 победи и, вклучувајќи го и овој четири нерешени резултати). Навивачите на стадионот и милионскиот аудиториум, видоа одлично прво полувреме, во кое Мароко доминираше и помалку здодевно второ полувреме. Јасно е дека Карло Анчелоти, …

Continue Reading

(Видео) Катарецот Куки во 95-та минута ја шокира Швајцарија

Катар и Швајцарија одиграа 1:1, во вториот натпревар од Б групата на Светското првенство. Со ист резулта, вчера заврши дуелот меѓу канда и Босна и Херцеговина. Швајцарците во 95-та минута ги шокираше голот на Куки. Швајцарија, како апсолутен фаворит, разочара со пристапот, пропушташе шанси, а за индолентноста избраниците на селекторот Мурат Јакин беа казнети во претпоследната минута. Малкумина очекуваа дека, …

Continue Reading