Паднало од електричен тротинет: тешко повредено 12-годишно девојче од Богданци
Синоќа во 19:30 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Итна медицинска помош Гевгелија за укажување на лекарска помош била донесена 12- годишна малолетничка од Богданци. Таа се здобила со тешки телесни повреди при пад од електричен тротинет на ул. „Васо Марков“ во Богданци. Увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.
Continue Reading
19-годишник го претепал внукот од сестра
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Л.(19) од Штип. Тој се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете“. Имено на 10.03.2026 во неговиот дом, пријавениот физички го нападнал неговиот внук од сестра.
Continue Reading
Се заканувал со пиштол: уапсен скопјанец
Вчера во 13:45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.И.(57) од Скопје. Според пријавеното тој околу 10:00 часот пред домот на Д.Б.(27) од Скопје упатувал вербални закани кон него и неговата мајка, а потоа се заканувал и со пиштол. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading
Ѓорѓиевски демонстрира недозволиво ниво на ароганција и неодговорност, сега ги обвинува вработените во „ЈСП Скопје“ дека со своите тужби го „блокираат“ претпријатието, велат од Левица
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, демонстрира недозволиво ниво на ароганција и неодговорност, сега обвинувајќи ги вработените во ЈСП Скопје дека со своите тужби го ʼблокираатʼ претпријатието, реагираат од Левица. Со тоа, додаваат од оваа партија, Ѓорѓиевски не само што ги дискредитира работниците кои се принудени по судски пат да ги бараат своите загарантирани права, туку директно ја префрла вината …
Continue Reading
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73% во однос на одлуката од 6.4.2026 година. Од 15.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – …
Continue Reading
Рој Кин: Керик не е тренер за Манчестер Јунајтед
Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, го критикуваше Мајкл Карик по поразот од Лидс. Иако резултатот беше во сенка на судиските одлуки, Рој Кин жестоко ја критикуваше играта Јунајтед и вели дека била под просекот. Кин досега беше еден од најголемите критичари на Мајкл Карик, синоќешниот пораз му овозможи повтороно да „удри“ по тренерот. „Како што реков претходно и ќе …
Continue Reading
(Видео) Петрушевски: СДС и Филипче наместо да ликуваат на резултати од избори во други држави, нека си се посветат на партијата која е распадната на парчиња
СДС и Филипче наместо да ликуваат на резултати од избори во други држави, нека си се посветат на партијата која е распадната на парчиња, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „СДС којашто некогаш беше релевантна и кредибилна, Филипче ја доведе во комбинација со Заев, да тоне се повеќе и повеќе во жива кал и да нема како да …
Continue Reading
Газдата на Наполи сака радикални промени во фудбалот
Аурелио Де Лаурентис, 76-годишниот контроверзен сопственик на Наполи, во интервју за „Њујорк тајмс“, презентираше радикални идеи за модернизација на фудбалот. Според Де лаурентис, фокусот треба да биде на младите генерации. „Фудбалот ќе ја изгуби помладата генерација. Натпреварите се предолги, децата немаат концентрација за 90 минути фудбал“, рече Лаурентис и додаде: „Замислете ја таа глупава пауза од 15 минути на полувремето! …
Continue Reading
Мицкоски: СДС живее во свет на лаги и конструкции, реалноста ги демантира
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од опозицијата и најавата дека ќе бараат ревизија на парите коишто се дадени од Унгарија во државава во однос на телекомуникација, енергетика и медиуми изјави: „Видете СДСМ изминатиов период, најблаго кажано живее според онаа читанката „Алиса во земјата на чудата“, јас повеќе тоа би го класифицирал како СДСМ …
Continue Reading