Трамп го нападна папата, папата одговори; Венс: Ватикан треба да се држи до моралните прашања

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс вчера го повика Ватикан да „се држи до моралните прашања“ откако папата Лав XIV изјави дека не се „плаши“ од американската влада. „Да, мислам дека во одредени случаи би било подобро Ватикан да се држи до моралните прашања и да му дозволи на претседателот на Соединетите Американски Држави да ја дефинира американската јавна политика“, рече Венс …

Continue Reading

Танкер санкциониран од САД помина низ Ормускиот теснец и покрај блокадата

Танкер под санкции на САД помина низ Ормускиот теснец и покрај блокадата на клучниот бродски пат од страна на САД, покажаа податоците за сообраќајот на бродовите на LSEG, објави Ројтерс. „Rich Starry“ е во кинеска сопственост и екипаж, а носи околу 250.000 барели метанол, покажаа податоците. Соединетите Американски Држави претходно воведоа санкции врз танкерот и неговиот сопственик, „Shanghai Xuanrun Shipping …

Continue Reading

До четврток времето ќе биде променливо облачно со услови за локални врнежи од дожд

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени. Во …

Continue Reading

(Видео) Фиорентина бега од опасната зона

Фиорентина славеше победа над Лацио (1:0) во последниот натпревар од 32-то коло на Серија А и освоија исклучително важни бодови во борбата за опстанок. Натпреварот беше решен во 28-та минута, кога Робин Госенс ја затресе мрежата на гостите и го постави она што ќе биде конечниот резултат. Фиорентина покажа повеќе желба и енергија од самиот почеток, што беше крунисано во …

Continue Reading

(Видео) Голем триумф на Лидс во борбата за опстанок, победија на „Олд Трафорд“

Фудбалерите на Лидс го победија Манчестер Јунајтед со 2:1 на „Олд Трафорд“, во последниот натпревар од 32-то коло од Премиер лигата. Со оваа многу значајна победа, Лидс избега на шест бода од „црвената зона“ во борбата за опстанок. Се играше петтата минута кога гостите поведоа со голот на Ноа Окафор, а истиот играч го дуплираше водството на својот тим во …

Continue Reading

Македонски државјани изнудиле 40.000 евра од пензионерка во Хрватска со измама дека ќерка и’ е во болница: eдна приведена, по двајца се трага

Загрепската полиција уапсила 25-годишна државјанка на Македонија, дел од група од тројца измамници кои, претставувајќи се како лекари, измамиле 87-годишна жена и ѝ зеле 40.000 евра, пренесе Јутарњи лист. Според полицијата, измамниците ја контактирале жената и ѝ кажале дека нејзината ќерка е во болница и ѝ е потребна итна операција. Еден од нив се претставил како лекар, а потоа жена …

Continue Reading

Јамал посакува пресврт на „Метрополитано“

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, пред реваншот со Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, изјави дека верува, дека е можно неговиот тим да направи пресврт и покрај поразот (2:0) во првиот натпревар. Барселона, во минатото правеле големи пресврти, на пример кога славеше со 6:1 против Пари Сен Жермен, по 0:4 од првиот натпревар. „Го гледав тој натпревар многу …

Continue Reading

Напад во Затвор Штип: осуденик физички нападнал друг затвореник

Во Казнено-поправната установа Затвор Штип бил пријавен инцидент во кој еден осуденик физички нападнал друг. Според пријавата во СВР Штип на 12 април во 12:45 часот, во полуотвореното одделение Д.С. (45) од Виница го нападнал Т.Ј. (21) од Штип, при што двајцата се осуденици во установата. Надлежните институции преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Израелската амбасадорка ја поздрави реакцијата на властите по обидот за палење на синагогата

Израелската амбасадорка во земјава, Вивијан Аисен, ја поздрави реакцијата на македонските власти по обидот за опожарување на објект на Еврејската заедница и синагогата во Скопје. „Ви благодарам, министре. Брзите и решителни акции на македонските власти за истрага и повикување на одговорност на одговорните за овој гнасен антисемитски чин се од суштинско значење за спречување на потенцијални идни инциденти“, напиша Аисен …

Continue Reading