Силјан: На избори се добива мандат, не тапија на татковината

„На избори се добива мандат – не тапија на татковината. Ниту една партија, власт или генерација не е сопственик на Македонија. Ние сме нејзини привремени чувари меѓу оние што ја сонувале и оние што ќе ја наследат“, порача Раде Силјан во словото по повод примањето на Орденот „8 Септември“, на свеченоста по повод 35-годишнината од независноста на Македонија. Во обраќањето, …

Continue Reading

Трамп објави карикатура со премиерот на Канада „Стани, гувернере“

Американскиот претседател Доналд Трамп објави карикатура со вештачка интелигенција на која се прикажани тој и канадскиот премиер Марк Карни на својата социјална мрежа Truth Social, пренесуваат медиумите. На сликата, Трамп во дресот на американската репрезентација стои над Карни, кој лежи на мразот во канадски дрес, со пораката: „Стани, гувернере“ Трамп со тоа продолжува со практиката да го нарекува канадскиот премиер …

Continue Reading

Прегазен пешак во Прилеп: возачот побегнал

Вчера во 03:50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев” во Прилеп, патничко возило удрило во пешакот Н.Т.(72) од Прилеп, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп. Увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Вчера регистрирани 36 пожари, опасноста и натаму висока, предупредува Ангелов

Опасноста од пожари на отворен простор е се уште многу висока, предупредува директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Во текот на вчерашниот ден имало повеќе од 36 пожари на отворен простор. Денеска, како што рече, се очекува голема раздвиженост на луѓе и возила и упати апел граѓаните да бидат исклучително внимателни, бидејќи доволна е само искра за да се случи катастрофа. …

Continue Reading

Барселона му забрани на Флик да го коментира Мурињо

Барселона, наводно му наложила на тренерот Ханси Флик да се воздржи од какви било коментари за Жозе Мурињо, кој неодамна се врати на клупата на Реал Мадрид. „Раководството на каталонскиот клуб сака да избегне медиумски конфликти по кои е познат Мурињо и да спречи повторно ескалирање на историското соперништво“, пишува Goal.com. Откако пристигна на Камп Ноу, Флик изгради репутација на …

Continue Reading

Николоски: Oхридскиот аеродром доби нов модерен лик, станува симбол на oхридскиот регион

За само две години успеавме аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид да добие нов современ лик, олицетворение на Охридскиот регион. После 56 години аеродромот се реконструира со што ги отвораме вратите за уште повеќе туристи и авиокомпании и бројките се над очекуваните, преку 240 илјади патници од почетокот на годината до сега, истакна заменик претседателот на Владата и министер за …

Continue Reading

Најпрофитабилниот договор за спонзорство во ПЛ – Ливерпул и Туркиш ерлајнс

Фудбалскиот клуб Ливерпул, објави дека од 1 јуни 2027 година ќе имаат нов главен спонзор – Туркиш ерлајнс. Од почетокот на сезоната 2027/28, логото на новиот спонзор ќе биде прикажано на дресовите на машките, женските и младинските тимови. „Ова е почеток на ново поглавје во комерцијалната историја на клубот и прва промена на главниот партнер на клубот во последните 17 …

Continue Reading

Можеби не се живее онака како што посакуваме, но Македонија е подобро место од пред три години, кажа Мицкоски од Охрид

Охридскиот аеродром добива поинаква динамика и квалитет, истакна премиерот Христијан Мицкоски на официјалното пуштање во употреба на реконструираната терминална зграда на Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“. Тој очекува, како што рече, во периодот којшто следи, бројот на патниците, но и бројот на компаниите коишто ќе ги користат услугите на охридскиот аеродром да се зголемува. Охридскиот аеродром, според Мицкоски, е значајна …

Continue Reading

Пронајдена дрога: уапсени две лица, меѓу нив малолетничка

Вчера во 18:30 часот во село Дуброво, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Х.Т.(20) од Дуброво и неговата 17-годишна невенчана сопруга. Со наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот на Х.Т. и при преглед кај малолетничката била пронајдена и одземена марихуана, која Х.Т. ѝ ја дал кога ги забележал полициските службеници. Тие биле …

Continue Reading