Болсонаро замина за САД, полицијата не знае како го напуштил Бразил
Бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро замина за САД откако ги загуби претседателските избори во неделата, соопштија извори запознаени со ова прашање. Болсонаро, според истите извори, ја напуштил земјата и покрај тоа што му наложил Врховниот суд да го предаде пасошот, објави Ројтерс. Точната дестинација на Болсонаро, кога се очекува да пристигне и дали ќе побара азил сè уште не се познати. …
Continue Reading
Ушаков: Путин ја гарантира безбедноста на Зеленски ако дојде во Москва
Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе му биде загарантирана безбедноста ако дојде во Москва, изјави Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател за надворешна политика. Според Ушаков, рускиот претседател го рекол ова за време на денешниот телефонски разговор со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе и финскиот претседател Александар Стаб, пренесува ТАСС. Путин им …
Continue Reading
Имаме обврска да обезбедиме ред и редовно одржување на чистотата: Ѓорѓиевски најави продолжување на еко-акција во Скопје
Продолжува најголемата еко-акција досега, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според најавеното, акцијата ќе се одржи во среда, со почеток во 10 часот, а чистењето ќе се организира на повеќе од 50 локации низ скопските општини. Ќе се чистат паркови, улици, пешачки патеки, јавни површини и простори меѓу станбените згради. „Да оставиме пример, не ѓубре – продолжува најголемата еко-акција досега! …
Continue Reading
(Видео) Николова: Со вториот ребаланс, власта ги крати парите за реконструкција на училишта, студентски и ученички домови
Пратеничката од СДСМ Даниела Николова, на денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет, нагласи дека вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година, е показател за погрешните проекции и недостигот од јасна развојна стратегија на Владата предводена од ВМРО. Наместо да ги заштити инвестициите што се важни за граѓаните, власта ги намалува средствата за образование, реконструкција на училиштата и …
Continue Reading
Вучиќ: „Веќе сум информиран кој ќе биде министер за надворешни работи“; „Ќе видите каква политика ќе водат“
Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, се огласи за телевизијата „Информер“ по парламентарните избори во Србија. На прашањето дали ги видел изјавите на Илија Срдановиќ, Вучиќ рече дека го интересира само „што прават против земјата“. „Мене ме интересира, не ме интересира што зборуваат за мене, туку што прават против нашата земја, а луѓето само тоа ќе го видат“, рече тој. …
Continue Reading
Меџити: Ја пречекавме Хаџиу во Скопје, зајакнувањето на соработката меѓу Косово и Северна Македонија останува заеднички приоритет
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Република Косово, Албулена Хаџиу, со која оствари пријателска средба посветена на односите меѓу Косово и Северна Македонија, институционалната соработка и можностите за нејзино унапредување во области од заеднички интерес. На средбата се разговараше за значењето на зајакнувањето на добрососедските односи, кои се темелат на …
Continue Reading
Папата: Мораме да го обновиме мирот насекаде, а не да се подготвуваме за нови војни
Папата Лав XIV денес ги повика земјите да престанат со подготовките за нови војни, велејќи дека само мирот е нешто што е свето, објавија италијанските медиуми. „Мораме да го обновиме мирот насекаде, а не да се подготвуваме за нови војни! Војната никогаш не смее да се води во името на Бога! За нас верниците, „војувањето во името на религијата всушност …
Continue Reading
Данска и Шведска ги критикуваат Финска и Норвешка за разговорите со Путин
Ретко покажување на неединство се појави меѓу нордиските земји во вторник откако лидерите на Данска и Шведска јавно ги критикуваа финските и норвешките лидери за ненајавениот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, објави „Еуроњуз“. 90-минутниот телефонски разговор беше инициран од финскиот претседател Александар Стаб и норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, кој неодамна беше домаќин на мировните преговори во Осло. …
Continue Reading
Хармонизација со ЕУ: oд 1 ноември, нови правила за влез во Црна Гора
Поради хармонизацијата на визната политика со Европската Унија, од 1 ноември, на граѓаните на Русија, Белорусија, Турција, Саудиска Арабија и Кина ќе им бидат потребни визи за влез во Црна Гора. Според текстот на декретот, граѓаните на голем број земји ќе можат да влегуваат во Црна Гора, да поминуваат низ нејзината територија и да престојуваат до 90 дена без виза, …
Continue Reading