(Видео) Манасиевски: Филипче нема право да глуми борец за јавното здравје, тој бил директно вклучен во труењето на граѓаните со години

Венко Филипче се обидува да се претстави како најголем заштитник на јавното здравје, додека во периодот кога тој беше министер за здравство, институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода, а Филипче како министер не постапувал, кажа на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Се поставува легитимното прашање. Кој знаел, кој одлучил да не ги информира граѓаните и зошто тие информации останале …

Continue Reading

Управниот одбор на ПИОМ го усвои полугодишниот извештај за работата на Фондот

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ја одржа 36 седница на која беше усвоен Полугодишниот извештај за работата на Фондот во 2026 година. Директорот на фондот Никола Мемов ги извести членовите на Одборот за активностите што се преземени во изминатиот период и информира дека во пензионерскиот дом Аеродром е оштетен кровот од невремето што …

Continue Reading

Доволна е искра за трагедија, апел до граѓаните да не фрлаат отпушоци и да не палат скари во места со сува вегетација

Во текот на јули, во просек дневно се регистрираа по околу 15 пожари на отворен простор. Благодарение на навремените интервенции на пожарникарите, како и поддршката од воздухопловните средства на Дирекцијата за заштита и спасување, сите пожари беа успешно ставени под контрола и изгаснати, информира денеска директорот на Дирекцијата, Стојанче Ангелов. Тој кажа и дека врнежите во текот на изминатиот период придонеле …

Continue Reading

21 нов случај на западнонилска треска пријавен за една недела во Грција

Четири смртни случаи се регистрирани во Грција како резултат на Западнонилскиот вирус, објави Националната организација за јавно здравје на Грција (EODI), додавајќи дека станува збор за лица над 65 години. Како што е наведено, од почетокот на годината, завршувајќи на 29 јули, регистрирани се 42 случаи на инфекција со Западнонилскиот вирус, од кои 37 случаи имале енцефалитис или менингитис, а …

Continue Reading

ЈП Паркинзи на Општина Центар отвори нова канцеларија за грижа за корисници

ЈП Паркинзи на Општина Центар официјално ја отвори новата канцеларија за грижа за корисници. Во рамки на инвестицијата е изведен целосно нов и модерен ентериер, воведен е современ административен систем за управување со редот на чекање преку автоматско издавање бројчиња, набавени се нови специјализирани скенери за обработка и дигитализација на документацијата и нова информатичка опрема, а инсталирани се и системи …

Continue Reading

Просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,67%

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,03 п.п., при што во јуни таа изнесува 2,17%, а просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,36 п.п. и изнесува 4,67%, соопшти Народната банка. Во јуни 2026 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,67% и е намалена на месечна и на годишна …

Continue Reading

Овој знак ќе плива во пари од август, но ќе доживее и тешкo предавство

Август ќе донесе пресврт за Скорпија каков што ретко се гледа, бидејќи во истиот момент се отвораат вратите на огромно богатство и опасни семејни или пријателски драми. За припадниците на овој знак, финансиската ренесанса започнува на првиот ден од следниот месец. Парите доаѓаат од страни од кои веќе сте кренале раце. Може да биде ненадејна исплата на стар долг, исплата …

Continue Reading

Намален бројот на прегледи во Гостивар, вчера помош побарале 36 лица

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар бележи значително подобрување и континуиран пад на бројот на пациенти кои побарале медицинска помош. Во текот на вчерашниот ден, во Општата болница и во Здравствениот дом во Гостивар биле извршени вкупно 36 прегледи, што е за 37 помалку во споредба со претходниот ден, кога биле регистрирани 73 прегледи. Во моментов, во …

Continue Reading

13 случаи на западнонилска треска во државата, тројца се во критична состојба

Заклучно со 30 јули 2026 година, во државата се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска, соопшти Министерството за здравство. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба. Поради актуелната епидемиолошка состојба и врз основа на стручната проценка на ризик, Министерството за здравство го …

Continue Reading