Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела достигна 6.125

Бројот на жртви од двата земјотреси што ја погодија Венецуела во јуни се искачи на 6.125, објави вчера претседателот на венецуелскиот парламент, Хорхе Родригез. Според податоците објавени од Родригез на Телеграм, речиси 61.000 луѓе добиле медицински третман во болниците. Тој додаде дека досега се отстранети 16,5 проценти од урнатините оставени од земјотресот. Привремената претседателка Делси Родригез повеќе пати го бранеше …

Continue Reading

Фестивалот „Охридско лето“ денеска одбележува 66 години од постоењето

Со промоција на монографијата „Ана Липша-Тофовиќ” од авторите Снежана Анастасова Чадиковска и Александар Трајковски и концерт на израелскиот машки сопран/контратенор Мајан Лихт и полскиот пијанист Пшемен Виницки, денеска ќе биде одбележан 66.роденден на фестивалот „Охридско лето“. Монографијата ќе биде промовирана во 19 часот во црквата „Света Софија“ каде што токму на овој ден, 4 август, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ …

Continue Reading

Пијано-рецитал во црквата „Света Софија“ на Вадим Холоденко-пијанист со редок квалитет и исклучителен талент

Украинскиот пијанист Вадим Холоденко, кој има репутација на еден од музички најдраматичните и технички најнадарените изведувачи на новата генерација пијанисти, вчеравечер имаше пијано-рецитал во црквата „Света Софија“ како дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“. Неговите настапи се препознаени по техничката прецизност, динамичните интерпретации и внимателното градење на музичката драматургија. Во досегашната кариера настапувал како солист и со оркестри во …

Continue Reading

Денеска без струја дел од општина Студеничани

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · од 09.00 до 15.00 часот, корисниците дел од село Студеничани на излез кон село Моране, општина Студеничани.

Continue Reading

Продолжува периодот на сончево и многу топло време, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до …

Continue Reading

Време е системот да се оперира без анестезија, порача Филипче во објава со фотографија во хируршка облека

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, објави фотографија на социјалните мрежи на која е во хируршка облека, проследена со порака. Во објавата, Филипче, кој по професија е доктор, ја споредува хирургијата со политиката, наведувајќи дека едната бара прецизност, одговорност и „чисти раце“, додека, како што пишува, политиката што ја водат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е спротивна. „Хирургијата бара прецизност, одговорност и чисти …

Continue Reading

Приведен 50-годишник кој пијан пешачел по автопатот Гостивар–Тетово

Педесетгодишен маж е приведен откако пијан се движел како пешак по автопатот Гостивар–Тетово. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил откриен денеска околу 2:30 часот кај клучката „Тучевиште“, каде полициски службеници забележале пешак на коловозот. Станува збор за О.А. (50) од селото Неготино, кај кого со алкотест биле измерени 1,65 промили алкохол во крвта. Според МВР, при преземањето …

Continue Reading

Пожарот во Кавадаречко не стивнува, пожарникарите ќе се борат со огнот и во текот на ноќта

Пожарот во Кавадаречко сѐ уште е активен и вечерва е невозможно да се воспостави контрола врз него, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Огнот зафатил претежно нискостеблеста вегетација, а силниот пламен што повремено се појавува е последица на согорувањето на големиот број ниски смреки на теренот. „Пожарот во Кавадаречко сѐ уште е активен, невозможно е да …

Continue Reading

Трамп: Во тек се преговори со Иран, ова е нивната последна шанса за договор

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека преговорите со Иран се во тек, и покрај информациите дека тие се прекинати. Според него, разговорите се водат на барање на Иран и имаат поддршка од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар и други земји. Трамп истакна дека Иран овојпат не го негира постоењето на преговорите, но не сака јавно да ги потврди. „Од …

Continue Reading