Малолетник со нож и штрафцигер нападнал ученици пред средно училиште во Тетово

Тепачка пред средно училиште во Тетово, двајца ученици со повреди од остар предмет се пренесени во болница, а уапсено е едно лице. Според информациите од МВР, вчера полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 15-годишник од с. Желино, постапувајќи по пријава истиот ден во 16:40 часот од Клиничка болница Тетово дека кај нив биле донесени А.К. (19) и М.А. …

Continue Reading

Инзаги: Да ја освоевме ЛШ ќе останев во Интер

Тренерот на Ал Хилал, Симоне Инзаги, во големо интервју за „Газета дело Спорт“ зборуваше за времето поминато во Интер, причината за неговото заминување, како и за споменувањето на трофејниот клуб во контекст на скандалот со судиите во Италија. За почеток, тој коментираше за можната вмешаност на „нероаѕурите“ во скандалот околу судијата Џанлука Роки, кого противниците на Интер го сметаат за …

Continue Reading

Општина Гевгелија добитник на EUMEL признание од Програмата „ЕУ за општините“ (EU4M)

Општина Гевгелија е добитник на наградата за извонредност EU4M Municipal Excellence Label (EUMEL) во рамките на Програмата „ЕУ за општините“ (EU4M), финансирана од Европската Унија. Признанието беше доделено на финалниот настан „Excellence in Local Governance“, кој се одржа во Националната опера и балет во Скопје. Настанот се одржа по повод заокружувањето на шестгодишниот циклус на програмата „ЕУ за општините“, која …

Continue Reading

Мицкоски до Беџети: Никој нема ништо против користењето на албанскиот јазик

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на денешната седница за пратенички прашања истакна дека никој во оваа држава нема против користењето на албанскиот јазик, како и тоа дека оваа влада нема да им дозволи на ДУИ да играат на ситен популизам на етнички теми и дека сите граѓани се ценат подеднакво, а не по етничка линија. „Никој нема против користењето на …

Continue Reading

(Видео) Огњеновиќ: Мицкоски и Тошковски воведуваат шпионски софтвер Pegasus

Министерот Панче Тошковски јавно изјави дека полицијата поседува софтвер кој овозможува пристап до камерите и микрофоните на телефоните на сите граѓани на Македонија. Тој систем се вика Pegasus, шпионски софтвер (spyware) кој го разви израелската компанија NSO Group, изјави Петар Огњеновиќ – член на Извршниот одбор на СДСМ. Тој вели дека системот може да се инсталира далечински, без кликање на телефонот, …

Continue Reading

Ќе се пензионира Ешли Јанг

Ветеранот, Ешли Јанг, пред во јули да наполни 41 година ќе стави крај на 23 години долгата професионална кариера. Кариерата ќе ја заврши во Ипсвич. Јанг има импресивна кариера. Помеѓу 2003 и 2020 година, тој беше важен дел од тимовите на Вотфорд, Астон Вила и Манчестер Јунајтед, со кои ја освои Премиер лигата во 2013 година, ФА Купот во 2016 …

Continue Reading

ЛДП: Премиерот итно да го дисциплинира министерот за правда

Либерално-демократската партија (ЛДП) реагира на вчерашната прес-конференција на министерот за правда, Игор Филков, на која, како што велат, наместо да се информира јавноста за реформите и законските решенија, беше злоупотребена говорницата на Министерството за правда за политичка пресметка со опозициона партија, само затоа што не присуствувала на состанок на работната група за Изборниот законик. Претставникот на ЛДП во работната група, …

Continue Reading

(Видео) СДСМ бара одговори од Тошковски за акцијата во која беше уапсен директорот на Инспекторатот за земјоделие

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на седницата за пратенички прашања упати прашање до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поврзано со полициската акција за поткуп во која во март беше уапсен директорот на Државниот инспекторат за земјоделие. Петровска изрази сомнеж за селективно постапување и евентуално прикривање на детали во акцијата, посочувајќи дека институциите не дале целосни информации за случајот и …

Continue Reading

Поради ниските температури, греењето продолжува уште два дена во Скопје

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) соопшти дека ја задолжила компаниите ЕСМ Снабдување, ЕСМ Енергетика и Енерџи Еколинк (поранешна Топлана Скопје Север) да продолжат со испорака на топлинска енергија и на 1 и 2 мај, иако грејната сезона официјално завршува на 30 април. Како што информира РКЕ, одлуката е донесена согласно целите …

Continue Reading