Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата, порача Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос укинатата пресудата од страна на Врховен суд за трагедијата кај Ласкарци, несреќа во која загинаа 16 лица, изјави: „Тоа се рецитиви и остатоци, мал дел од претходната Влада на СДСМ и ДУИ. И тоа е последниот обид за заштита на таа Влада и на луѓето коишто беа дел од таа …
Continue Reading
Мицкоски: Целосно е реновиран одделот за неврофизиологија на Универзитетската клиника за неврологија
Здравството е еден од врвните приоритети и во периодот кој што следи сериозно сме посветени кон реконструкција на целокупниот здравствен систем, истакна премиерот Христијан Мицкоски. Во периодот што следи, како што најави, ќе продолжат активностите за реконструкција на здравствениот систем. Тој ги посочи проектите поврзани со Клиничкиот центар во Штип, Клиничката болница во Тетово и здравствениот дом со проширена дејност …
Continue Reading
„ПРО-ЗА Балкан“ по 14. пат ширум ќе ѝ ги отвори вратите на балканската книжевност
Три фестивалски и четири дополнителни вечери ја сочинуваат програмата на 14. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ што ќе биде отворен в недела, на 13 септември, во Музејот на град Скопје, во 20 часот. Наградата „Прозарт“ која што се доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, годинава му припадна на српскиот писател Драган Великиќ, еден …
Continue Reading
Ќе се преиспитаат безбедносните мерки по нападот во училиштето: „Ќе анализираме сè“
Момир Карин, директор на Дирекцијата во Министерството за наука, образование и млади, пристигна во училиштето по инцидентот утрово во кој беа повредени ученик и чистачка. „Утрово се случи инцидент во кој ученик и чистачка беа повредени од друг ученик. Прво, им посакувам брзо закрепнување, особено на ученикот кој беше повреден. Министерството реагираше веднаш, дојдов тука во име на Министерството, а …
Continue Reading
(Видео) Тренерот поднесе оставка, претседателот експресно ја одби
Фенербахче е во центарот на вниманието по ремито 1:1 со Рома на почетокот од Лигата на шампионите. Тренерот Исмаил Картал објави дека поднел оставка и дека нема да се врати во клубот, но претседателот Азиз Јилдирим веднаш објави дека искусниот стручњак ќе остане на функцијата. Картал ја објави одлуката на прес-конференција веднаш по натпреварот со Рома. „Вечерва поднесов оставка. Ја …
Continue Reading
(Видео) Мајката на ранетиот ученик во Загреб: Ми рече ‘мамо, само повикај брза помош’, а потоа врската се прекина
Ученикот кој утрово беше избоден во Електротехничкото училиште во Загреб моментално е во операционата сала, објавија хрватските медиуми. „Синот ми се јави нешто пред 8 часот наутро и рече: ‘Мамо, повикај брза помош и полиција’“, изјави мајката на повредениот ученик за РТЛ. Таа вели дека веднаш прашала дали го удрил автомобил, на што тој одговорил: „Не, мамо, избоден сум“. „Во …
Continue Reading
Шасивари – Мишел: Подобрување на условите во казнено-поправните установи и почитување на човековите права
Подобрувањето на условите во казнено-поправните установи и доследното почитување на човековите права беа дел од темите за кои се на разговараше денешната средба на министерот за правда Јетон Шасивари со Алан Мишел, претседател на Европскиот комитет за спречување на тортурата и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (CPT). На состанокот беа разгледани актуелните состојби во казнено-поправните установи, како и напредокот …
Continue Reading
Лукашенко: Нема да нападнеме никого, но сме должни да ја осигураме безбедноста на Белорусија
Белорусија нема намера да нападне никого, но е должна да ја обезбеди сопствената безбедност, изјави денес белорускиот претседател Александар Лукашенко. „Некои нè обвинуваат дека планираме да нападнеме некого утре. Повторувам, немаме намера да нападнеме никого, ние сме прагматичари. Разбираме дека ако нападнеме некого, да речеме еден од нашите соседи, тоа би било еднакво на смрт“, рече Лукашенко за време на …
Continue Reading
Левица: Правдата во Македонија бавно доаѓа, но и да дојде, прашање е дали ќе опстои – осудените за „Дурмо Турс“ излегуваат од затвор
„Шеснаесет луѓе загинаа кај Ласкарци, а седум и пол години подоцна државата повторно нема конечна правда. Имавме истрага, обвинение, вештачења, супервештачења, првостепена осуда, Апелација која ја потврди вината и зголеми казни, осудени лица што веќе беа испратени во затвор, за на крај Врховниот суд да ја урне правосилноста и предметот повторно да го врати назад. Во нормална правна држава тоа …
Continue Reading