Скопје домаќин на 5-тиот годишен форум на Регионалната алијанса за превенција на рак на грлото на матката
Регионалната алијанса за превенција на ракот на грлото на матката во Источна Европа и Централна Азија денеска го започна својот 5-ти годишен форум во Скопје, Северна Македонија. Тридневниот настан, во организација на УНФПА, Агенцијата на Обединетите нации за сексуално и репродуктивно здравје, во соработка со Министерството за здравство на Северна Македонија, обединува повеќе од 100 претставници од целиот регион, вклучувајќи …
Continue Reading
Синдикатот на „Паркови и зеленило“ излегува на протест, бараат исплати и надоместоци
Независниот синдикат при ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје најави протест поради неисполнети обврски кон вработените. Во соопштението до јавноста, синдикатот информира дека протестот ќе се одржи на 2 и 3 октомври, во период од 09:30 до 11:00 часот, при што ќе биде блокиран просторот кај семафорот на раскрсницата на бул. „Илинденска“ со ул. „Никола Тесла“. Протестот ќе заврши пред …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Да се осуди говорот на омраза врз Луна Стефаноска
Членката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, денеска на прес-конференција изјави дека партијата најостро го осудува говорот на омраза насочен кон нивната кандидатка за советничка во Советот на Град Скопје, Луна Стефаноска. „Најостро го осудуваме срамниот, омаловажувачки, говор полн со мизогинија и омраза кој последните денови се шири на социјалните мрежи, насочен кон нашата членка и кандидатка за советничка во …
Continue Reading
Ритам, енергија и едукација – Street Dance во срцето на Гевгелија
Два дена (27-28 септември 2025 г.), Гевгелија се претвори во вистинска арена на уличната култура и танц, кога ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија ја пречека музиката, ритамот и енергијата на Street Dance Фестивалот. Настанот, организиран од Танцовото студио „Мистик“ како дел од програмата „Гевгелија град на култура за 2025 године“, привлече млади танчери од Гевгелија и Скопје, љубители …
Continue Reading
Приведен маж од Македонска Каменица поради семејно насилство
Полицијата синоќа го привела 51-годишниот Г.А. од Македонска Каменица. Приводувањето следело по претходна пријава дека истиот ден, околу 18:30 часот, во семејниот дом физички ја нападнал неговата 49-годишна сопруга, соопшти МВР. Информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading
Жена ограбена во својот стан во Центар што не бил заклучен
Вчера на подрачјето на Центар, непозната жена влегла во стан кој не бил заклучен и одзело два паричници – едниот со пари, а другиот со пари и лични документи. Случајот во 16:20 часот го пријавила сопственичката на станот, 34-годишната А.П. од Скопје. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Continue Reading
Возило излета од автопат, тешко повредена 29-годишна велешанка
Вчера на автопатот „Гоце Делчев“, во атарот на селото Сушица, општина Петровец, се случила сообраќајна несреќа. Патничко возило „Рено Клио“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишната Л.Ш. од Велес, излетало надвор од коловозот. Според информациите од МВР, Л.Ш. се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од МВР информираат дека извршен е увид.
Continue Reading
Пешак тешко повреден од автомобил на кружен тек во Скопје
Попладнето на 30 септември, нешто по 17 часот, на кружниот тек на улицата Христо Татарчев во Скопје се случила несреќа. Автомобил со скопски регистарски ознаки, управуван од 52-годишен жител на селото Долно Количани, удрил во пешак кој се движел по делницата, соопшшти МВР. Ударот бил силен, 54-годишниот човек од Агино Село паднал се здобил со тешки повреди во Градската општа …
Continue Reading
Дрво се откачи од трактор и удри работник по ногата
На беровското место викано Долни Шабан, навидум секојдневна работна задача завршила со несреќа. На 19 јуни годинава, двајца мажи – еден од Берово и друг од селото Владимирово – се договориле заедно да истоварат дрва со трактор. Додека пријавениот Ј.М. (38) го стартувал тракторот, едно од дрвата се откачило и со силен удар го погодило неговиот соработник Д.К. по ногата. …
Continue Reading