(Видео) Коњановски: Реката Драгор добива ново лице

Во следниот мандат, една од најголемите заложби ќе биде реализација на многу значаен проект, уредувањето на коритото на реката Драгор, симбол на нашата љубов кон Битола, кон нејзината историја и иднина. Сега е време овој симбол да добие ново лице, со уредување по највисоки светски стандарди, изјави Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Битола од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата …

Continue Reading

Масивен руски напад врз украинските гасни постројки. „Ова е најголемиот досега“

Русија изврши големи воздушни напади врз некои од главните украински постројки за производство на гас, предизвикувајќи критична штета во некои случаи додека Украина се подготвува за зима. „Во текот на ноќта, Русија лансираше 35 ракети и 60 беспилотни летала врз инфраструктурата на државната компанија ‘Нафтогаз’ во регионите Харков и Полтава“, изјави главниот директор на компанијата Сергеј Коретски, додавајќи дека тоа …

Continue Reading

Статутот на општина штип достапен и на знаковен јазик

Почитувани граѓани, Со особена гордост ве информираме дека, во заедничка соработка со граѓанското здружение „Хендикеп Плус“, Општина Штип станува втората општина во државата која обезбедува Статут на знаковен јазик, достапен преку официјалната веб-страница на Општината. Оваа иницијатива е реализирана во рамки на проектот „Пристапна и отворена општина“, што го спроведува Здружението за лица со попреченост „Хендикеп Плус“. Целта на проектот …

Continue Reading

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Едниот напаѓач ја давел сопругата до бессознание, другиот ја тепал со боксови

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за семејно насилство. Едниот случај е во Ѓорче Петров, каде осомничениот ја тепал и ја давел вонбрачната партнерка по што таа паднала во несвест, а другиот случај е во Мирковци каде осомничениот ја тепал поранешната вонбрачна партнерка со тупаници. На 25 септември, во семејниот дом во Ѓорче Петров, при вршење семејно …

Continue Reading

Ѓоковиќ со победа стартуваше во Шангај

Новак Ѓоковиќ успешно стартуваше на Мастерс турнирот во Шангај. Србинот во второто коло го победи Марин Чилиќ со 7:6, 6:4. Мечот траеше еден час и 54 минути. Првиот сет Ѓоковиќ го реши во тај-брејк, откако ниту еднаш не успеа да дојде до брејк топка, додека Чилиќ пропушти две во 11-от гем. Чилиќ, кој играше можне добро во тај-брекот се распадна. …

Continue Reading

Со 43 штеки цигари тројца наши државјани сакале да летаат за Лондон, Царината им ги заплени   

Тројца македонски државјани се фатени на Меѓународниот аеродром Скопје со 43 штеки цигари, дел со, а дел без акцизни маркици, сокриени во нивните куфери. Цигарите биле откриени при контрола со рентген, непосредно пред патниците да се качат на лет за Лондон. Ова е само дел од серијата заплени што Царинската управа ги изврши во текот на изминатата недела, при засилени …

Continue Reading

Грижата за пензионерите е приоритет оти дали е добра оштината се мери по тоа како се грижи за своите највозрасни, вели Меџити

Kандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, го посети Здружението на пензионери. Се сретна со нивните претставници кои имаат назаменлив придонес во изградбата на општеството. „Оваа посета има посебно значење за мене. Не сум тука само да слушам, туку да покажам дека ветувањата се реализираат“, рече Меџити и укажа на важноста на конкретната поддршка за возрасните …

Continue Reading

Левица: Премиере, наместо манипулации за Левица, објаснете зошто не покренувате постапка против Заев и како го амнестиравте Груби

Политичката партија Левица преку соопштение до медиумите му постави неколку прашања на премиерот Христијан Мицкоски. „Нѐ радува што најголемиот кошмар на корумпираните елити, меѓу кои и самиот премиер Христијан Мицкоски, е токму Левица. До таа мера сме им трн во око, што нивните партиски митинзи започнуваат со повторување на лажни и шизофрени тези насочени против нас. Премиерот, кој треба да …

Continue Reading

Мерц: Германија и Европа мора да се соочат со автократиите

Германија и Европа мора да сторат повеќе за да ги зајакнат своите економии за да останат привлечна сила во свет во кој сè повеќе доминираат автократиите, рече германскиот канцелар Фридрих Мерц во говорот по повод 35-годишнината од повторното обединување на Германија. „Нови сојузи на автократиите се формираат против нас и ја напаѓаат либералната демократија како начин на живот“, рече Мерц …

Continue Reading