МЗШВ: Во четвртиот квартал од 2025 година ќе биде објавен јавниот повик за претприемачите во прехранбената индустрија

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека во четвртиот квартал од оваа година ќе биде објавен Јавниот повик 02/2025 за користење на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027, мерка 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”. Оваа мерка претставува исклучителна можност за македонските претприемачи во прехранбената индустрија да ги унапредат …

Continue Reading

Алиу-Кузмановска по повод Европскиот викенд на органодонорство: Дарувањето орган е надеж за пациентите

Министерот за здравство, Азир Алиу и заменик министерот, Јовица Андовски, учествуваа на работна средба по повод одбележување европски викенд на органодонорство, во организација на националниот координатор за трансплантација, Билјана Кузмановска и директорите на универзитетските клиники за дигестивна хирургија, Костовски, на урологија Шабани и на нефрологија Ѓорѓиевски. – Континуирано сме посветени на унапредување на оваа дејност и стручно доусовршување на тимовите …

Continue Reading

Холандски бит и филмски ритам на „Скопје Синема Сити 2025“: Лауреат е култниот фотограф и режисер Антон Корбајн

Филмот „Контрола“ (Control, 2007) е биографска драма за Јан Кертис, фронтменот на култниот постпанк бенд Џој Дивижн ( Joy Division) , кој го обележа звукот на една генерација. На 29 и 30 октомври, во киното „Фросина“ во МКЦ, ќе се одржи 11. издание на фестивалот за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“, кој оваа година ја поставува Холандија во фокус. …

Continue Reading

Бунт во Салцбург: Милијардер гради приватен тунел од неговата вила до центарот на градот, луѓето се бесни

Во Салцбург, градот на Моцарт и богатата историја, плановите на автомобилскиот магнат Волфганг Порше предизвикаа вистински бунт. Порше има намера да ископа приватен тунел под ридот Капуцинерберг за директно да го поврзе центарот на градот со неговата вила. Проектот предизвика петиција и обвинувања за фаворизирање на супербогатите, пишува „Кориере“. Вилата позната како „Paschinger Schlössl“ на ридот Капуцинерберг станала сопственост на …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 35-годишнината од формирањето на Венецијанската комисија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Венеција, Италијанска Република, по повод учеството на одбележувањето на 35-годишнината од постоењето на Европската комисија за демократија преку право (Венецијанската комисија), советодавно тело на Советот на Европа. Предвидено е Сиљановска-Давкова на 11-ти октомври да се обрати на свеченото одбележување на годишнината, кадешто, покрај останатите високи гости, е најавено присуството на …

Continue Reading

За четири дена, казнети 2.131 возачи

Од почетокот на седмицата лишени од слобода 21 лице за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик, констатирани 2.131 сообраќајни прекршоци, соопшти МВР. Во периодот од 06.10.2025-09.10.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2.131 издадени платни налози, 411 прекршоци се …

Continue Reading

Милан се распрашува за Бернардо Силва

Бернардо Силва неодамна наговести дека би можел да го напушти Манчестер Сити кога ќе му истече договорот следното лето. Не е познато каде ќе ја продолжи кариерата Португалецот, јасно е само дека тоа нема да биде Манчестер Сити. Италијанските медиуми тврдат дека челниците на Милан го контактирале Португалецот за да ги дознаат неговите намери на крајот од сезоната. Силва не …

Continue Reading

Безбедносните аналитичари не се оптимисти: договорот ќе биде тешко да се спроведе, Нетанјаху може да се откаже ако се загрози неговата позиција

Израел и Хамас постигнаа договор за првата фаза од мировниот план предложен од американскиот претседател Доналд Трамп. Прекинот на огнот, размената на заложници и затвореници и повлекувањето на израелската армија се првите чекори кон можен крај на разорната двегодишна војна во Газа. Велдин Кадиќ од Факултетот за политички науки, Оддел за студии за мир и безбедност, за N1 изјави дека …

Continue Reading

Три уметнички, една заедничка творечка цел- „Сплотување“ на Картова, Велковска и Ф. Стефановска во Гевгелија

Во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 9 октомври, во фоајето на хотел „Аполонија“ во Гевгелија, беше отворена Ликовната изложба „Сплотување“, која ги обедини делата на трите уметнички- Розета Картова од Гевгелија, Ивона Велковска од Скопје и Катерина Филипоска- Стефановска од Тетово. Настанот привлече бројна публика, љубители на уметноста, колеги уметници и културни работници кои …

Continue Reading