(Видео) Филмска кражба во златара во Гостивар: Маскирани лица крадат злато и пари и бегаат со црн џип

Вчера во центарот на Гостивар се случила дрска разбојничка кражба во златара. Според првичните  информации, неколку вооружени и маскирани лица влегле во објектот, ограбиле значителна количина злато и пари, а потоа со црн џип побегнале во непознат правец. Разбојниците, за да го отежнат движењето на полициските екипи, фрлиле бодликави жици на повеќе локации во центарот на градот. Денес се очекуваат …

Continue Reading

Од утре гужви на границите со новиот систем за влези и излез, ги објавуваме сите детали за што сè треба да се подготват патниците

По неколку одлагања, од утре на премините на надворешни граници на Шенген зоната започнува постепената примена на новиот европски дигитален граничен Систем за влез/излез (ЕЕС), кој според очекувањата на Европската комисија би требало да го поедностави и забрза процесот на премин на граничните премини. Сепак, постои загриженост дека воведувањето на ЕЕС во пракса, барем во почетокот, ќе предизвика застои и …

Continue Reading

Денешниот есенски ден ќе биде со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а в долж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните делови ќе има услови за локален слаб дожд, информираа утрово од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Continue Reading

(Видео) Разрешениот директор на Неврологија кој е снимен како “меша бело“ се извини и вели дека имал момент на слабост

Разрешениот директор на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски, за кого на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како меша бела прашкаста материја, вчера на Фејсбук упати извинување и искажа длабоко каење за своите постапки.   „Во врска со објавите на социјалните мрежи изразувам длабоко каење и се извинувам поради постапката која се има случено далеку пред моето …

Continue Reading

Осомничениот раководител во РЕК доби затворски притвор, куќниот е укинат поради можност за бегство

Предлогот на Основното јавно обвинителство Битола е прифатен од Кривичниот совет на Основниот суд во Битола и на осомничениот сопственик на правното лице „Марковски компани“ му е определена мерка притвор, соопшти ЈОРСМ. Со ова, како што се наведува во информацијата, е уважена жалбата и аргументите изнесени од битолското обвинителство, особено во поглед на ризикот од бегство на осомничениот, и е …

Continue Reading

Светската шампионка објави дека ја менува дисциплината

Холандската атлетичарка Фемке Бол, двократна светска шампионка во трките на 400 метри со пречки, објави дека во иднина ќе се натпреварува во дисциплината 800 метри. Бол (25) ја опиша одлуката како „ново поглавје во нејзината кариера“, нагласувајќи дека преминот кон подолга дисциплина е „голема промена полна со неизвесност и вистински предизвик“. Фемке Бол го освои своето второ светско злато во …

Continue Reading

(Видео) Шукова: План и решенија за Гази Баба да стане мотор на развој на Скопје

„Оваа општина има огромен потенцијал. Но наместо да биде мотор на развојот, стана илустрација за стагнација“ – порача Каја Шукова од митингот во Гази Баба, каде што ја претстави својата програма за обнова на општината и за трансформација на Скопје. Шукова најави дека ќе стави крајот на урбанистичкото дивеење и ќе воспостави систем што ги става луѓето во центарот на …

Continue Reading

Путин: Сè оди според планот, наскоро ќе му претставиме на светот ново оружје

Рускиот претседател Владимир Путин одржа прес-конференција по посетата на Душанбе, каде што рече дека Русија се држи до договорот постигнат со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска, објави руската државна новинска агенција РИА Новости. „Се договоривме со Доналд дека ќе морам да размислам и да разговарам со нашите колеги и сојузници во Москва. И тој ми го кажа истото. Ова …

Continue Reading

Белгија удри во македонскиот ѕид – Фудбалерите освоија бод во Гент

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови во Гент, против Белгија, во квалификациите за пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Македонските фудбалери ја исполнија целта, останаа непоразени против фаворизираната Белгија и ја задржаа лидерската позиција во Ј групата. Македонија ја продолжи успешната серија, во официјалните натпревари нема пораз на последните 13 натпревари. Избраниците на Благоја Милевски излегоа …

Continue Reading