(Видео) Трамп одржа говор пред израелскиот Кнесет: беше обележан со инциденти, обезбедувањето мораше да реагира
Американскиот претседател Доналд Трамп денес одржа говор пред израелскиот Кнесет во Ерусалим веднаш по неговото пристигнување во Израел и ослободувањето на првиот заложник од заробеништвото на палестинската милитантна група Хамас. Обраќајќи се пред членовите на израелскиот парламент, Трамп рече дека и покрај сите проблеми, невозможното е направено и заложниците се вратени во своите домови. Protest during Trump address in Israel …
Continue Reading
Адвокатска канцеларија во рамки на Основниот кривичен суд Скопје
Основниот кривичен суд Скопје во соработка со Адвокатската комора на РСМ ја отворија Канцеларијата за адвокати во рамки на Кривичниот суд која може да ја користат сите адвокати кои ги извршуваат своите службени обврски ви рамки на судот. Канцеларијата се наоѓа на 4 – тиот кат во холот каде што се наоѓаат и дел од судниците односно, со цел да …
Continue Reading
(Видео) Цветановска: Маја Мојсова да каже дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг, осуден криминалец и на црна листа на САД
Маја Мојсова да каже дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг, осуден криминалец и на црна листа на САД, вели Благица Цветановска, кандидат за советник на Општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. „Стевчо Јакимовски е осуден од македонските судови, а од САД е ставен на црна листа. Станува збор за криминалец кој местел тендери и …
Continue Reading
Почина Илија Темелковски
Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник, на 71-годишна возраст почина Илија Темелковски. Во својот работен век како тренер ги предводеше Тинекс Пролет, Еурофарм Пелистер и Струга. Како селекторт на младата репрезентација го освои четвртото место на Европското првенство во Полска во 2002 година. Сениорската репрезенација ја однесе на Мундијалот во Хрватска, го освои 11-то место, но она …
Continue Reading
СЗО: Итна потреба од развој на нови антибиотици, бактериите станаа отпорни
Бактериите брзо развиваат отпорност на антибиотици, предупреди денес Светската здравствена организација (СЗО), наведувајќи дека една од шест лабораториски потврдени бактериски инфекции сега се предизвикани од патогени отпорни на антибиотици. Организацијата за прв пат го квантифицираше проблемот во однос на 22 антибиотици кои најчесто се користат за лекување на инфекции на уринарниот тракт, гастроинтестиналниот тракт или крвотокот, или сексуално пренослива гонореја. …
Continue Reading
Уметничко изразување на младите преку културно истражување: Одржана креативната работилница „Гевгелија град на сите“
Во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата 2025“, на 10 октомври, НУ Музеј- Гевгелија во соработка со СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија организираше Креативно-едукативна работилница под мотото „Гевгелија град на сите“. Настанот се одржа во Уметничката галерија „Амам“ и во просториите на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, создавајќи инспиративна средина за младите учесници да истражуваат и креираат, со цел да се …
Continue Reading
Љутков присуствуваше на премиерата на претставата „Уна“ во Белград
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчера присуствуваше на премиерната изведба на театарската претстава „Уна“, во режија на истакнатиот македонски режисер Дејан Пројковски. Претставата се одигра на сцената „Данило Бата Стојковиќ“ во театарот „Звездара“ во Белград. „Уна“ е работена според култниот роман на Момо Капор, во адаптација на Стеван Копривица. Белградската публика со громогласен аплауз и стоечки овации ги …
Continue Reading
Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа
Иднината на Скопје, кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски ја гледа како град кој функционира паметно, брзо и чесно преку вистинска дигитализација. Тој денес кажа дека откога ја направил Кисела Вода прва дигитална Општина не само во Македонија туку на целиот Балкан, таквиот модел ќе го пренесе и на градско ниво. „Со 17 проекти од оваа област …
Continue Reading
Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ во Театар за деца и младинци
Четвртото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ од 15 до 18 октомври ќе ја обедини регионалната театарска сцена под слоганот „Сцена за сечиј сон“, со претстави што преку игра, хумор и фантазија го допираат живиот корен на човечкото искуство. Официјалната селекција, за која беше задолжена режисерката Драгана Милошевски – Попова, годинава беше направена од вкупно над 40 …
Continue Reading