Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница
Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош. Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од …
Continue Reading
(Видео) Шукова: Проблемот со водата во Скопје мора системски да се реши, не со привремени зафати
Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска на прес-конференција зборуваше за проблемот со недостиг на вода во повеќе делови од Скопје, особено во повисоките зони. Таа посочи дека загубите на питка вода во системот се алармантни и дека потребен е сериозен, системски пристап. „Проценките се дека околу 60 проценти од питката вода се губи во системот за водоснабдување. …
Continue Reading
Гостиварец се возел со фалсификувана возачка дозвола низ Италија, полицијата му ја одзела
Полицијата во Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(48) од овој град поради фалсификување на исправа. Пријавениот набавил фалсификувана македонска возачка која ја употребил како вистинска во Италија и која што му била одземена од италијанските власти, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Continue Reading
Утре без вода дел од Општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( четврток ) поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул. Пиринска бр. 45 во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Ленинова и Чедомир Миндеровиќ. ( општина Центар )
Continue Reading
Украинска делегација во САД се сретна со произведувачите на ракетите „Томахок“
Украинска делегација предводена од шефот на кабинетот на претседателот Андриј Јермак е во посета на САД, каде се сретна со претставници на компанијата „Рејтион“ (Raytheon), производител на ракетите „Томахок“ (Tomahawk), чие набавување Киев долго го посакува. Делегацијата ја сочинуваат и премиерката Јулија Свириденко, секретарот на Советот за безбедност Рустем Умеров, заменик-министерот за надворешни работи Серхиј Кислиција и амбасадорката во САД …
Continue Reading
Мисајловски во Брисел ја предводи македонската делегација на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво министри за одбрана
Денеска (15 октомври), во Седиштето на НАТО во Брисел, министерот за одбрана, Владо Мисајловски, учествуваше на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на кој присуствуваа министрите за одбрана на сите 32 сојузници. На состанокот министрите за одбрана се осврнаа на повеќе теми поврзани со безбедноста. Тие заеднички ја потврдија определбата за имплементација на обврските преземени на Самитот во Хаг во …
Continue Reading
Осумгодишната сноубордерка од Карпош, Нина Неделковска, е поканета да тренира во Австрија
Пред само две години малкумина знаеја дека во Македонија расте мала, но бестрашна сноубордерка. Денес, осумгодишната Нина Неделковска веќе е име што се спомнува со восхит на снежните патеки во регионот. Малечка на години, но голема во духот – таа со храброст, труд и истрајност покажува дека кога желбата е доволно силна, детскиот сон може да стане реалност. На само …
Continue Reading
Андоновски: Владата се посветува на дигиталната инфраструктура во Прилеп
На денешната промоција на Националниот портал за електронски услуги во Прилеп, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со пратеникот Дејан Проданоски, присуствуваше на настанот. Министерот истакна дека, како ресорно министерство и како Влада, се посветуваат на дигиталната инфраструктура во Прилеп, но и низ цела Македонија. „Токму тука, на плоштадот во Прилеп, ќе биде поставена бесплатна Wi-Fi зона со интернет …
Continue Reading
Лондон ќе добие такси без возачи следната година
Американската компанија „Вејмо“ објави дека нејзините такси без возачи ќе бидат достапни на улиците на Лондон од следната година, што ќе го направи британскиот главен град првиот европски град со целосно автономна такси услуга, пишува Гардијан. Според соопштението на компанијата, возилата првично ќе работат со обучени возачи за безбедност, додека целосно автономното возење се очекува да започне во 2026 година, …
Continue Reading