Денес гласаат 2.162 затворениците, болните и изнемоштени и лицата во старските домови

Почнува гласањето за Локалните избори 2025. Денеска, на ден пред одредениот датум за изборите гласаат 2.162 затворениците, лицата во домашен притвор, 8851 болни и немоќни лица и 442 лица во старските домови. Во казнено – поправните домови, според Избирачкиот список, треба да гласаат 2162 затвореници. Најмногу глсачи има во КПД Идризово 938, во затворот во Шуто Оризари 391, во штипскиот …

Continue Reading

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека за време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања. Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било …

Continue Reading

Хамас објави дека ќе го предаде телото на еден од своите заложници

Милитантната група Хамас вчера објави дека ќе го предаде телото на еден од своите заложници, без да го открие неговиот идентитет. Според соопштението, Црвениот крст ќе го преземе телото од Хамас и ќе го предаде на припадниците на израелските одбранбени сили во Газа, објавува „Тајмс оф Израел“. После тоа, телото ќе биде испратено во израелскиот институт за судска медицина „Абу …

Continue Reading

Денес облачно време со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. …

Continue Reading

За Ендрик нема место во Реал

Младиот бразилски напаѓач, Ендрик не успева да се наметне во Реал под команда на Чаби Алонсо. Бразилецот е закован за клупата, не одигра ниту една секунда од почетокот на сезоната и се очекува во јануари да биде испратен на позаијмица. Пред неколку недели Ендирк се поврзуваше со Валенсија, а бразилскиот „ESPN“ пишува дека Марсеј се приклучил во трката. Тимот предводен …

Continue Reading

„Нејмар во Интер? Глупости!“

Во изминатите неколку дена се појави информација дека Нејмар бил понуден на Наполи и Интер ова лето, но повредата го натерала да остане во Сантос. Бидејќи неговиот договор со Сантос истекува на крајот од годината, извесно е дека брилијантниот напаѓач ќе го промени клубот. Се споменуваше Интер Мајами, каде што ќе им се придружи на Меси и Суарез, а се …

Continue Reading

(Видео) ПСЖ се спаси од пораз против Стразбур

Фудбалерите Пари Сен Жермен и Стразбур ремизираа 3:3 во дербито на осмото коло од Лига 1. Луд натпревар беше виден на „Паркот на принцовите“. Домаќинот трган фуриозно, а на крајот мораше да се бори за еден бод. Сè започна со голот на Баркола во шестата минута, но гостите до полувремето направија пресврт, со головите на Паничели во 26-та и Мореира …

Continue Reading

Мареска потврди дека Палмер ќе паузира уште шест недели

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер (23), нема да може да им се придружи на соиграчите уште шест недели поради повреда на препоните, објави тренерот Енцо Мареска. Палмер не играл од поразот на Челзи од Манчестер Јунајтед на 20 септември. Тој го напушти теренот во првото полувреме, а Мареска потоа објави дека ќе го одмори до октомвриската репрезентативна пауза, која сега …

Continue Reading

Зајкова: Имаме искуство што гарантира успех – во недела да го заокружиме бројот 1 и да ставиме крај на поделбите

Со пораки за обединување на центарот и успех на претстојните локални избори во недела, финишираше завршниот митинг на коалицијата „Искуство за успех“. Пред полната сала за последен пат пред почетокот на изборниот молк се обратија лидерите на партиите кои ја сочинуваат коалицијата, ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР со поздравни говори, во кои го повикаа своето членство на мобилизација и ги …

Continue Reading