Хороскопски знаци што гледаат проблем во сè

Овие хороскопски знаци имаат тенденција кон песимизам, не затоа што се злонамерни, туку затоа што секогаш се подготвени за најлошото. Јарец Реалист до крајност, но често преминува во песимизам. Верува само во труд и контрола, па кога нешто ќе тргне поинаку, очекува најлошо. Перфекционизмот го прави разочаран кога работите не излегуваат точно според план. Девица Аналитична и критична, често ја …

Continue Reading

Северна Кореја лансираше балистички ракети пред самитот на кој ќе пристигне и Трамп

Северна Кореја утрово испалила неколку балистички проектили со краток дострел кон морето на источниот брег, соопшти јужнокорејската војска. Ова е прво лансирање од мај годинава и претставува уште едно игнорирање на меѓународната забрана за развој на вакво оружје, која ја поддржуваат САД и Јужна Кореја. Инцидентот се случува една недела пред одржувањето на самитот на АПЕК во Јужна Кореја, каде …

Continue Reading

Американскиот потпретседател Ванс: Хамас ќе биде уништен ако не соработува

Американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс изјави дека Хамас ќе биде уништен доколку не соработува во спроведувањето на мировниот план меѓу Израел и палестинската група, заснован на иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп. Ванс вчера го посети новоформираниот координациски центар во Израел, заедно со пратеникот на Трамп, Стив Виткоф, и советникот Џеред Кушнер. Тој изјави дека примирјето постигнато на почетокот на …

Continue Reading

Кремљ реагира по изјавата на полскиот министер: „Ова е закана за тероризам“

Москва ја обвини Полска дека се заканува со „терористички акт против авионот на Владимир Путин“, откако полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави дека безбедноста на авионот на рускиот претседател не би можела да се гарантира доколку би прелетувал над Полска кон Будимпешта, на планираниот, но сега веќе откажан, состанок со Доналд Трамп. Рускиот министер Сергеј Лавров рече дека …

Continue Reading

Oблачно време со повремени врнежи, температура до 19 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе …

Continue Reading

Виљареал и Барселона сепак нема да играат во САД

Шпанската фудбалска лига ја информираше јавноста дека се повлекува од „продажба“ на лигашкиот натпревар помеѓу Виљареал и Барселона на американскиот пазар. Овој дуел требаше да се игра на 20 декември во Мајами, што предизвика бунт кај навивачите на шпанските клубови. Сепак, дури кога фудбалерите се придружија на протестите (стоејќи мирно првите 15 секунди од натпреварите), челниците на Ла Лига попуштија …

Continue Reading

Вардар 1961 со победа се враќа од Тулуз

Ракометарите на Вардар 1961 ја забележаа втората победа во Европската лига. Вечерва во Тулуз, екипата на Иван Чупиќ славеше со 28:26. Вардар 1961 го растури Тулуз во првиот дел, на полувремето резултатото беше 18:11. Тулуз не се предаде, во вториот дел ја истопи предноста на црвено-црните на само еден гол (23:22). Сепак Вардарци не ја испуштија победата, се конслидираа, со …

Continue Reading

Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

Европските земји во соработка со Украина изработуваат предлог од 12 точки за запирање на војната, кој би се темелел на задржување на постојните линии на фронтот, објави „Блумберг“. Според изворите на агенцијата, планот предвидува прекин на огнот, враќање на украинските деца депортирани во Русија, размена на заробеници, гаранции за безбедност и финансиска помош за обнова на Украина, како и забрзан …

Continue Reading

Кевин Федерлајн детално го опиша повикот по кој завршил неговиот брак со Бритни Спирс

Телефонски повик со Бритни Спирс, Парис Хилтон и Линдзи Лохан бил „капката што ја прелила чашата“ и довел до крајот на бракот меѓу Кевин Федерлајн и поп-ѕвездата, пишува во неговите нови мемоари You Thought You Knew, пренесе Page Six. „Беше три или четири часот наутро. Таа, Парис и Линдзи беа пијани и ме молеа да дојдам. Во позадина ги слушнав …

Continue Reading