„Македонски сновиденија“ – почеток на есен исполнета со џез, страст и фолклор
„Есенските музички свечености“ 2025 година свечено ќе се отворат со концерт на Националниот џез оркестар насловен „Македонски сновиденија“, под диригентската палка на Владимир Николов, на 25.10.2025г. (сабота) со почеток во 20:00 часот на сцената на Малата сала на Филхармонија. Билетите се во продажба на karti.com.mk. Македонскиот национален џез оркестар го претставува проектот „Македонски сновиденија“ – енергична фузија од македонски фолклор …
Continue Reading
Герасимовски: Го враќаме чаламот на Работнички со документарен филм и нова сала
Синоќа, во хотел „Холидеј Ин“ се одржа премиерата на документарниот филм „Вратете ни го чаламот“, посветен на најголемите успеси на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб – „Работнички“. На премиерата присуствуваа градоначалникот Горан Герасимовски, кошаркарски легенди, членови на тимот на „Работнички“ и претставници од спортските федерации. Во своето излагање, градоначалникот Горан Герасимовски потенцираше дека филмот е потсетник на славните времиња на клубот, …
Continue Reading
(Видео) Во тешка несреќа со повеќе возила загинаа над 60 лица во Уганда
Teшка сообраќајна несреќа се случи на еден од главните автопати во Уганда, пришто животот го загубија 63 лица, потврди полицијата. Трагедијата се случила на автопатот Кампала-Гулу, еден од најпрометните во земјата, пишува Би-Би-Си. Според полицискиот извештај, несреќата се случила 15 минути по полноќ по локално време. Два автобуси што се движеле во спротивни насоки се судриле челно додека се обидувале …
Continue Reading
Повеќе од 850 експерти и јавни личности бараат запирање на развојот на вештачката интелигенција
Повеќе од 850 познати личности, меѓу кои водечки експерти за вештачка интелигенција, технолошки пионери и јавни фигури, во средата ја потпишаа изјавата со која се повикува на запирање на развојот на таканаречената „суперинтелигенција“ — форма на вештачка интелигенција што би ги надминала човечките способности во повеќето когнитивни задачи. Изјавата ја потпишале основачот на „Вирџин груп“ Ричард Бренсон, коосновачот на „Епл“ …
Continue Reading
Хаос на аеродромот во Литванија предизвикаа балони со цигари
Аеродромот во Вилнус утрово повторно е отворен по неколкучасовна блокада во текот на ноќта, предизвикана од појава на балони кои, според сомнежите, биле користени за шверц на цигари од Белорусија, соопшти Националниот центар за управување со кризи. Според властите, поради прекинот биле погодени околу 30 летови, пренесе литванската телевизија „ЛРТ“. Досега се пронајдени најмалку пет балонски цилиндри и околу 7.000 …
Continue Reading
(Видео) Играчите на Оклахома ги добија шампионските прстени
Играчите на Оклахома ги добија шампионските прстени во НБА пред почетокот на новата сезона и натпреварот против Хјустон. Оклахома ја победи Индијана во финалето на НБА минатата сезона и ја освои својата прва титула откако франшизата се пресели од Сиетл во 2008 година. Комесарот на лигата, Адам Силвер, пред да им ги додели прстените имаше свое обраќање во арената во …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Ако утре би биле парламентарните избори, ние би освоиле над 60 пратеници, а СДС би била во некои изборни единици трета партија
ВМРО-ДПМНЕ со 550 советници низ Македонија и градот Скопје, како и со над 300.000 гласови, е апсолутен победник на локалните избори. Кога утре би имало парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ по Донтовиот модел, со овие гласови ќе има над 60 пратеници, додека пак СДС во некои ИЕ би била трета партија, велат од партијата преку соопштение. „Народот го казни СДС и направи …
Continue Reading
„Поетроника за млади“: поезијата во ритамот на новата генерација
По успешниот пат на уметничкиот проект „Поетроника“, кој со спој на поезија и електронска музика создаде нов сценски израз, авторите Оливер Митковски и Андреја Салпе го претставуваат своето ново, едукативно продолжение – „Поетроника за млади“. Настанот ќе се одржи на 29.октомври 2025, (вторник), со почеток во 20:00 часот во Јавна соба. Проектот произлегува од идејата да ги научиме младите да …
Continue Reading
Ракометна револуција – Се проширува Лигата на шампионите
Европската ракометна федерација (ЕХФ) потврди дека почнувајќи од следната сезона, форматот на ракометната Лига на шампиони и Европската лига ќе биде променет. Бројот на екипи во Лигата на шампиони ќе се зголеми од сегашните 16 на 24, и тие ќе играат според сосема нов систем на натпреварување, сличен на оној што го гледаме на репрезентативните настани. Почнувајќи од следната сезона, …
Continue Reading