Митески: Голема победа во Аеродром со 18 илјади гласа

Кандидатот за градоначалник на Аеродром, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески упати благодарност за можноста да ја води општината во наредните четири години. Тој вели дека ќе ја оправда довербата што му е дадена. „Уште утре почнуваме со работа да го направиме Аеродром место на кое сите ќе се гордееме!“, кажа Митески.

Continue Reading

Владко Грозданов нов градоначалник на Кочани

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија за градоначалник на Општина Кочани, Владко Грозданов, прогласи победа на изборите. „Драги мои сограѓани, чест ми е да ви се обратам исполнет со посебно чувство на одговорност и искрена благодарност. Благодарност за вашата доверба, која ми ја дадовте со вашиот глас и којашто за мене не е само победа, туку драга народна задача. …

Continue Reading

(Видео) Хаотично дерби во Турција – Фенер од 2:0 до победа 2:3 кај Бешикташ

Дербито од 11-то коло од турската фудбалска лига помеѓу Бешикташ и Фенербахче (2:3) беше обележано со зголемени тензии кои кулминираа со инцидент во првото полувреме. Откако атмосферата веќе беше напната поради црвените картони на дуото на Бешикташ, Оркун Кокчу поради груб фаул и Серген Јалчин (надвор од теренот), фудбалерот на Фенербахче, Марко Асенсио, беше погоден во главата со предмет фрлен …

Continue Reading

Александар Јовановски прогласи победа во Кичево

Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Кичево, Александар Јовановски, прогласи победа. Противкандидат му беше досегашниот градоначалник Фатмир Дехари, кандидат на Националната алијанса за интеграција, НАИ. По видеото објавено на „Фејсбук“ во Кичево се собрани голем број поддржувачи на Јовановски кои ја слават неговата победа по улиците.

Continue Reading

Тошковски ги оцени изборите како најмирни по последните години: Во цела држава имаше 30 пријави, во најголем дел наводите не беа потврдени

Денеска, како во првиот круг од локалните избори, можеме со гордост да констатираме дека и вториот круг помина во исклучително мирна, фер и демократска атмосфера, рече вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Изборниот процес кажа дека минал без сериозни инциденти, без нарушување на јавниот ред и мир и без настани кои би го довеле во прашање интегритетот на изборите. …

Continue Reading

Сотир Лукровски прогласи победа во Карпош

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски, прогласи победа на изборите. „Драги мои карпошани, вечерва зборувам со срце полно гордост и благодарност. Во оваа кампања не се борев за функција, се борев за доверба. За секој човек кој веруваше дека чесноста, трудот и вистината повторно можат да победат. Денес не победувам јас, победува Карпош. Победуваат сите оние …

Continue Reading

(Видео) Хаос во Белград, одекнуваат топовски удари

Големи тензии се забележани вечерва пред Народното собрание во Белград, каде што голем број граѓани се собраа во поддршка на Дијана Хрка, мајката на трагично загинатиот Стефан Хрка, која утрово започна штрајк со глад. View this post on Instagram A post shared by Nova.rs portal (@nova.rs_portal) Во исто време, во непосредна близина, во шаторска населба со прекар „Чациленд“, се собраа …

Continue Reading

(Видео) Левица: Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалник на Скопје

Задоволни сме од излезноста во урбаните средини, исклучок се општините Чаир и Сарај, кадешто има неверојатно мала излезност, дури и наводи за поткуп во однос на тоа граѓаните да не излезат на гласање, што за нас е тешка повреда на изборното право, велат од партијата Левица. Како што известија од Левица, оваа година се обиделе да покријат максимален број избирачки …

Continue Reading

Нови првични резултати: Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, во Карпош Лукровски

Според првичните резултати од вториот круг на локалните избори 2025, во Скопје води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски со над 71.875 гласа наспрема Амар Мециновиќ од Левица со 41.522 гласови од пребројани вкупно 77,53 отсто од избирачките места. Во повеќето општини водство има Ѓорѓиевски, освен во Карпош и Центар, каде повеќе гласови има Мециновиќ. Во Карпош, од 62,22 отсто обработени …

Continue Reading