Муцунски-Ивановиќ: во фокусот европската интеграција, реформските процеси и потребата пристапувањето кон ЕУ да се одвива врз основа на заслуги
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи, Филип Ивановиќ, во годината кога се одбележуваат 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. Соговорниците го потврдија високото ниво на пријателски односи, меѓусебната доверба и сојузништвото во НАТО, како и заедничката определба …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова со Бланар: Словачка е против било какви двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беа потврдени пријателските македонско-словачки односи. Сиљановска-Давкова ја акцентираше важноста на континуираната словачка поддршка на македонскиот пат кон Европската Унија, нагласувајќи дека пристапниот процес треба да биде кредибилен, предвидлив и заснован врз заслуги и исполнување …
Continue Reading
Туск: Полска ја очекува тешка битка
Изјавите на лидерот на полската опозициска партија Право и правда (ПиС), Јарослав Качински, за можните преговори за излез на Полска од Европската Унија предизвикаа остри реакции од претставниците на владејачката коалиција, кои го обвинија дека го отворил прашањето „Полегзит“ и се приближил до ставовите на екстремната десница, објавува „Полсат њуз“. Полскиот премиер Доналд Туск реагираше на социјалната мрежа Икс, наведувајќи …
Continue Reading
(Видео) Протестите се прелеаја во Парламентот на Албанија: опозицијата запали факели и покажа фотографии од повредени демонстранти
Седницата на албанскиот парламент беше прекината откако пратениците на опозицијата запалија факели и ја блокираа говорницата на собранието. Инцидентот се случи по неколку недели антивладини протести предводени од студенти, кои бараа оставка од премиерот Еди Рама. Пратениците на опозициската Демократска партија на Албанија го блокираа пристапот до претседателот на собранието за време на гласањето за законот за Централната банка, додека …
Continue Reading
Дрвошанов: Нови енергетски проекти, решение за професионалните војници и модернизација на здравството
Жан Дрвошанов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, постави три пратенички прашања од областа на енергетиката, здравството и одбраната. „Особено значајно е тоа што по цели 13 години повторно е ставен во функција продуктоводот Солун-Скопје, инфраструктурен проект од исклучително значење за сигурно и континуирано снабдување со нафтени деривати и за зајакнување на енергетската …
Continue Reading
(Видео) Трајчулески до Мицкоски: Како гарантирате контрола врз границите по бегствата и случајот со петте тони дрога
Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на собраниската седница за пратенички прашања побара од премиерот Христијан Мицкоски конкретни одговори за пропустите во контролата на државните граници, бегствата на лица од земјата, случајот со петте тони дрога и случаите во кои институциите не успеаја да обезбедат ефикасна контрола. Трајчулески посочи дека суверенитетот на државата не се брани со декларативен патриотизам и политички …
Continue Reading
Финската полиција истражува дали „Гугл“ ја оштетил животната средина при изградбата на дата-центарот
Финската полиција покрена кривична истрага поради сомнеж за кривично дело против животната средина на градилиштето на новиот дата-центар на „Гугл“. Истрагата е насочена кон финската подружница на компанијата, „Туике Финланд“, и градежните работи во близина на градот Мухос, на северот на земјата, пренесува „Ројтерс“. Проектот е дел од планот што „Алфабет“, матичната компанија на „Гугл“, го најави минатиот месец. Станува …
Continue Reading
Маѓар: Обединетите нации не треба да бидат предводени од шеф на мафијата
Обединетите нации не се криминална организација и не треба да бидат предводени од „шеф на мафијата“, изјави денес унгарскиот премиер Петер Маѓар, во врска со наводите дека Соединетите Американски Држави би можеле да го номинираат поранешниот премиер Виктор Орбан за нов генерален секретар на ОН. Зборувајќи на прес-конференција по заедничката седница на владите на Чешка и Унгарија во Прага, Маѓар …
Continue Reading
(Видео) Карпа се откорна и падна врз луѓе во Турција, двајца загинати
Две лица загинаа, а едно е повредено откако карпа се откорна и падна врз луѓе во турскиот регион Кападокија. Според локалните власти, несреќата се случила по обилните дождови што го зафатиле подрачјето, пренесува „Ројтерс“. Гувернерот на покраината Невшехир, Хусеин Аксој, изјави дека одронот се случил околу 15:15 часот по локално време, во близина на музејот на отворено во местото Гореме. …
Continue Reading