Дејвид би можел да го напушти Јувентус

Канадскиот напаѓач Џонатан Дејвид (25) е незадоволен од својата минутажа во Јувентус и би можел да го напушти клубот од Торино во зимскиот преоден рок, објавија италијанските медиуми. Дејвид постигна 25 гола и 12 асистенции во Лил минатата сезона, а во јули се пресели во Јуве како слободен играч. Со „Старата дама“, Дејвид потпиша петгодишен договор. Иако оваа сезона одигра …

Continue Reading

Градоначалникот Јанков оствари средба со градоначалниците од соседните општини

Меѓуопштинската соработка има важна улога во развојот на регионот чиј прогрес носи бенефит за граѓаните и локалната заедница. Препознавајќи ја оваа врска и потврдувајќи дека граѓаните и нивните потреби секогаш ќе бидат негов приоритет, градоначалникот Петар Јанков денеска оствари средба со реизбраните градоначалници на соседните општини Василево, Босилово и Ново Село. Со Славе Андонов, Ристо Манчев и Ѓорѓе Божинов разговараа …

Continue Reading

Систем на „пробен период“ за земјите што во иднина ќе станат членки на ЕУ; ЕК во страв од „тројански коњ на Русија“ во рамките на унијата

Европската комисија разгледува воведување систем на „пробен период“ за земјите што во иднина ќе станат членки на Европската Унија, изјави комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, во интервју за „Фајненшл тајмс“. Според неа, овој механизам би се однесувал и на Украина и Молдавија, како и на сите други земји што сè уште не се приклучиле на Унијата. Во текот …

Continue Reading

Општина Прилеп го одбележа Денот на ослободувањето – 3 ноември

Општина Прилеп го одбележа Денот на ослободувањето – 3 ноември, еден од најзначајните датуми во историјата на нашиот град и нашата држава. Овој ден останува симбол на слободата, достоинството и непокорот на прилепчани и потсетник на жртвата и храброста на генерациите кои се изборија за слободен Прилеп и слободна Македонија. Свечената седница на Советот на … The post Општина Прилеп …

Continue Reading

Воведена нова процедура на Клиниката за кардиологија, пациентите со сложени срцеви аритмии повеќе нема да бидат упатувани во странство

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за кардиологија, по повод извршената прва аблација за коморна тахикардија во нашата држава. „Со воведувањето на новата процедура на Клиниката за кардиологија, овозможуваме пациентите со сложени срцеви аритмии да бидат згрижени и соодветно третирани во оваа врвна терциерна установа, без да има потреба да бидат упатувани во странство. Тимот од …

Continue Reading

Почина поранешниот потпретседател на САД Дик Чејни

Почина Дик Чејни, поранешен шеф на кабинетот на Белата куќа, конгресмен, секретар за одбрана и потпретседател на САД, потврди неговото семејство. Имаше 84 години. Тој беше помошник во Белата куќа под Ричард Никсон, шеф на кабинетот под Џералд Форд, секретар за одбрана под Џорџ Х. В. Буш и потпретседател за Џорџ В. Буш. Почина од компликации од пневмонија, соопшти неговото …

Continue Reading

Љутков ќе се обрати на 43 сесија на Генералната конференција на УНЕСКО

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ја предводи македонската делегација на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО што од 30 октомври до 13 ноември се одржува во Самарканд, Република Узбекистан. Љутков утре (5 ноември) во Конгресниот центар „Патот на свилата“ во Самарканд ќе се обрати на дебатата посветена на генералните политики на Организацијата, на која учествуваат министри и …

Continue Reading

Утре без вода дел од скопски Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( среда ) поради дефект во шахта од ф – ¾ на ул. Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција. ( општина Центар )

Continue Reading

Краделе тутун од фолии и сушари во Василево и Босилово, направиле штета од 500.000 денари

Полицијата уапси три лица за кражба на тутун од фолии и сушари во Василево и Босилово со што направиле штета од 505.000 денари. Според информациите од МВР, СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Е.И.(21), Т.Ф.(20) и Т.Д.(31), сите од с.Старо Балдовци, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „кражба“ по член …

Continue Reading