Две жени намамиле човек во мотел во Скопје, каде го пречекале двајца мажи: го удирале со боксови додека не паднал, па го ограбиле

Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи четворицата во група, со употреба на сила одзеле 200 илјади денари од едно лице. На 30 октомври оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел …

Continue Reading

Сексапилната русокоса ги израдува мажите: „Сама сум, чекам љубовта да ме најде“

Ѕвездата од „Еуфорија“, Сидни Свини, одлучи да стави крај на шпекулациите за нејзиниот љубовен живот. Откако ја раскина свршувачката со Џонатан Давино и неодамна беше поврзана со Скутер Браун, актерката јасно стави до знаење дека е слободна. „Слободна сум“, изјави Сидни за GQ во интервју објавено на 4 ноември. „Не мислам дека барам маж во моментов. Она што го научив …

Continue Reading

Ѓоковиќ не е сигурен дека ќе игра во Торино

Новак Ѓоковиќ со победа стартуваше на турнирот од серијата 250 во Атина. Заабележа победа над Алехандро Табило со 7:6, 6:1. По мечот одоговри на шпекулациите околу настапот на Завршниот Мастерс во Торино. Анџело Бинаџи, кој е претседател на Италијанската тениска асоцијација од 2001 година, изјави дека Новак Ѓоковиќ ќе игра на Завршниот турнир во Торино. Ѓоковиќ на прес конференцијата луто …

Continue Reading

Кремљ: Не сакаме муниција и оружје од братска Србија да бидат употребени против нас

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија е подготвена да продава муниција на Европската Унија, без оглед каде ќе заврши подоцна. „Последното нешто што го сакаме е оружјето и муницијата произведени во нашата братска Србија да се користат против нашите војници. Тоа е последното нешто што сакаме да го видиме“, им рече …

Continue Reading

Британец одбил интервју за работа – не сакал да го интервјуира вештачка интелигенција

Британскиот комичар и писател Ричард Стот одбил интервју за позиција копирајтер кога дознал дека разговорот ќе го води вештачка интелигенција, а не човек. Според него, тоа е непочитување кон кандидатите, па ја повлекол пријавата – што поттикна широка дебата за улогата на вештачката интелигенција (ВИ) во процесот на вработување, јави „Би-Би-Си“. „Ако нивното време не вреди за разговор во живо, …

Continue Reading

(Видео) Филипините во урнатини по тајфунот: најмалку 66 мртви

Бројот на жртви од тајфунот Калмаеги на Филипините се искачи на најмалку 66, додека жителите на најтешко погодената покраина Себу се справуваат со уништувањето. Уништени домови, улици преполни со урнатини и уништени животи се мрачната слика што ја остави бурата додека се движи кон Виетнам, објавува Си-ен-ен. Во градот Талисај, преживеаните ги пребаруваат остатоците од своите домови со надеж дека …

Continue Reading

Поранешната американска ТВ водителка се сретна со полицијата пред својата куќа облеана во крв: „Ја убив мајка ми“

Поранешна водителка на утринско ток-шоу од Мисури е обвинета дека ја избодела до смрт својата мајка на Ноќта на вештерките. По убиството, таа наводно им рекла на операторите на 911 дека го сторила тоа „за да се спаси себеси“, објавува Њујорк пост. Настанот ги шокирал жителите на мирна населба во Вичита, Канзас, кога 47-годишната Анџелин Мок се затетеравела од својот …

Continue Reading

Министерот Љутков: Македонија останува посветен партнер во остварувањето на мисијата на УНЕСКО

Министерот за култура и туризам и претседател на Националната комисија на УНЕСКО, Зоран Љутков, учествува на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, што се одржува во Конгресниот центар „Патот на свилата“ во Самарканд, Република Узбекистан. Во своето обраќање пред присутните министерот Љутков ја истакна заложбата на Република Македонија за унапредување на соработката со УНЕСКО и активното учество во реализацијата …

Continue Reading

(Видео) Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот

Според најновите официјални информации, вкупно 11 лица загинаа во пожарот што синоќа зафати дел од зградата на Домот за стари лица во Тузла, додека 35 лица побараа медицинска помош во Универзитетскиот клинички центар во Тузла. Седмиот кат од Домот за стари лица беше зафатен од голем пожар синоќа, а градоначалникот на Тузла, Зијад Лугавиќ, потврди за „Кликс.ба“ дека 11 лица …

Continue Reading