Црно сценарио на германскиот генерал: Можат да нè нападнат уште утре
Русија има капацитет да започне ограничен напад врз територијата на НАТО во секое време, изјави високиот германски воен функционер, генерал-потполковник Александар Золфранк. Во интервју за Ројтерс, Золфранк предупреди дека, гледајќи ги моменталните способности и борбена моќ на Русија, таа земја „би можела да започне напад од мал обем врз територијата на НАТО уште утре“. Генералот, кој ја предводи заедничката оперативна …
Continue Reading
Поранешен соиграч на Јокиќ ќе потпише за Панатинаикос
Панатинаикос не игра добро на почетокот на сеозната во Евролигата. Зелените се на скор од пет победи и четири порази. Покрај тоа тимот остана без класичен центар, Лесор се уште е на рехабилитација, а во меѓувреме се повредија Хомс и Јурцевен. Дека не може да игра без класичен центар, Ергин Атаман најдобро виде во средата, кога Панатинаикос доживеа тежок пораз …
Continue Reading
Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг
Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сѐ се може, вели градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со големата акција за чистење на Скопје, чиј почеток беше означен синоќа кај салата „Борис Трајковски“ а на која беа присутни градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ на скопските општини како и премиерот, Христијан Мицкоски. …
Continue Reading
Шест мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија, четири лица се повредени
Шест мигранти се убиени, а четири лица се повредени за време на полициска потера во близина на градот Бургас на Црното Море, јавува бугарската агенција „БТА“. „’Шкода’ со романски регистарски таблички превезувала 10 лица, не застанала кога наишла на полициски контролен пункт и се обидела да побегне синоќа“, изјави началникот на Граничната полиција, Антон Златанов, за „БТВ“. Шест лица загинале …
Continue Reading
Шести ден штрајк со глад пред Собранието: Мајката на жртва од Нови Сад бара правда и избори
Дијана Хрка, мајка на младиот Стефан кој загина при уривање на натстрешницата во Нови Сад, штрајкува со глад веќе шести ден, а утрово го повика претседателот на Србија, Александар Вучиќ, лично и јавно да разговара со неа. „Сега му се обраќам директно на Вучиќ. Ова што се случува е на лична основа. Само нека дојде да ми каже на која …
Continue Reading
Цвета корупцијата во земјоделието, дали и Трипуновски е замешан во шемата на неговиот директор Стоилев, прашуваат од СДСМ
Цвета корупцијата во земјоделието, дали и Трипуновски е замешан во шемата на неговиот директор Стоилев? Кога директор на државна институција, Илија Стоилев, кадар на ДПМНЕ е фатен со обележани банкноти за мито јасно е дека корупцијата во земјоделието цвета, истакнуваат од СДСМ. „Година и пол се зборува дека се бараат провизии, дека се задржуваат предмети, дека службеници трпат притисоци. Сега …
Continue Reading
Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал „Епл“ уреди
Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и детска облека со потпис на заштитени трговски марки. Златни плочки со тежина од 53 грама и 11 златни монети со тежина од 39 грама се пронајдени при контрола на багаж на турски државјанин на излез од државата, на граничен премин …
Continue Reading
Случајот Стоилев ја откри корупцијата во земјоделството преку ИПАРД програмите, велат од Левицата
Последниот случај со апсење на Илија Стоилев, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Свети Николе под сомнение за земање мито, само ги потврдува гласините дека за добивање на средства од ИПАРД фондовите се бара поткуп, велат од Левица. „Стоилев е уапсен во акција што ја водеше Обвинителството за гонење …
Continue Reading
Једен Ансамбл од Турција во недела во КИЦ
Дирекцијата за култура и уметност на Скопје информира дека во рамки на јубилејното 25-то издание на фестивалот „Есенски музички свечености“ ќе се одржи концерт на Једен Ансамбл од Турција, на 09.11. 2025г. (недела) со почеток во 20 часот во Салон 19 19 (Културно информативен центар). На концертот ќе учествуваат: Руи Азиз – каманча, Халил Ибрахим Доѓан – неј, Реџеп Белен …
Continue Reading